А за колку време стасува резултатот од хормоните? Мене упатот ми е за клиничка биохемија, каде се наоѓа тоа ? и дали знаете кој автобус оди од железничка до таму?
Фала ти миличка,неизвесноста е голема но се трудам да не мислам премногу на тоа,мора да се остане позитивен
Девојки денес бев кај матичниот конечно сите документи ги собрав, и ми среди се но доцна ме фати не успеав да отидам во фонд.Утре здравје уште рано сабајле одам да ги пратам,и ќе чекам дали ќе одобрат, се надевам дека ќе го земаат в предвид мислењето од Трајковски во кое пишува дека предложува ифв.Имам само две иуи а тој ми рече дека со неговото мислење немало потреба да бараат плус уште две и требало да ми одобрат (дали од вас некоја има слично искуство) .Се молам на Бога да не бараат уште две. П.с. Од прилика за колку време од ФЗО би можела да добијам одговор во врска со ваучерот?
Мила стискам палци да ти одобрат, јас мојот го зедов точно за месец дена,како пишуваат феминките дека порано нема да бидеш известена.Прво ми стигна маил дека ми е одобрен а после тоа јас дирекно го зедов од Фондот кај Мајка Тереза
Викаат летото за ококу 1 месец ваучер стигал.и јас чекам.а и ми одговара, оти на жешково не ми се оди нонстоп до Ботола.
Данче,извини можда си пишала ама немам видено,кажи ми зошто смета докторот дека треба директно ивф,имате конкретен проблем или?
Обично во сабота сум правела на Клиничка биохемија, резултати во вторник сум земала. Еднаш мислам во недела дека правев, резултатите во среда беа готови. Клиничка биохемија е на Клиника. Со 3 се стигнува до таму од Железничка. Пишувајте со кирилица.
Со полицистични сум,хипотероида.И кога втората иуи беше неуспешна Др ми рече дека се приближувам кон ифв.После втората неуспешна иуи отидов на контрола ме гледаше на ехо ми подготви извештајот и ми кажа да соберам документи и со сите документи да го пратам и тој извештај што тој ми го напиша.Навистина незнам зашто така одлучи.
Резултатите мислам дека електронски ги праќаат кај матичниот гинеколог и од таму ќе те известат кога се готови и ќе ти ги испечатат (или замоли ги скен да ти пратат, да не мораш да одиш). 3-4 дена јас чекав
@Sienna_MK ти праќам многу среќа и позитивна мисла Ке успееш овојпат,верувам силно @Dance27 стискам палци и за тебе,да си добиеш ваучер без проблеми
Прашање до тие што веќе имале трансфер, а не се од градот кај што е клиниката: сте патувале тој ден кога бил трансферот сабајле и вечерта или сте преспивале? Што ќе речете за возење 3 часа после трансфер, не се препорачува или...? *уште сум на стимулации, а далеку од Ск сме и не знам како да си планирам.
Јас сум од Скопје, правев ин витро во Битола, на денот на трансферот лежев 2 часа во болница и после најнормално ми рекоа да се вратам назад со кола, само јас да не возам. Прашав дали да земам хотел ми рекоа не не никако нема потреба. Лесна вожња накај дома и тоа е тоа, еве петта недела терам
Може да ми кажеш зашто се одлучи за Бт? И јас сум од Ск, ама слушнав позитивно мислење за Бт и ги следам на Фб, имаат успешни приказни. Фала
Не немаш потреба јас правев во Битола лежев 2 часани си тргнавме за дома се возев 2 часа и еве 20 недела сум