Во Систина имало некој добар трансфузиолог, дојден од клиника, со долгогодишно искуство, не ми текнува за име, ама распрашај се, сигурно ќе дознаеш кој е.
Околу 700 евра беше цената за замрзнување, ама не знам дали истото важи и само за еден ембрион, а за одржување на годишно ниво, за секоја наредна година 12600 ден., дали има измени во цените не знам, ќе мора да прашаш кај нив.
@Sienna_MK со лесно мила, уживај и гали меше. Ти држам среќа за позитивна бета @Veki4kaa на инфективно проверивте? На маж ми во њуборн му кажаа дека е позитивен на хепатит Ц. Но на инфективна клиника се докажа дека е на хепатит Б, хроничен носител уште од бебе. Затоа те прашувам, да не е некоја грешка за хепатит Ц кај тебе
Немој да се разочаруваш..за секој проблем се наоѓа решение. Можеби ќе ви се одолговлечат плановите за бебе ама секако најважно е вашето здравје.
Убавини! Ми тупка срцево Гали меше и двете да си растат кај мама Уживај сега и брзо да поминат деновите! Едвај чекам да ме израдуваш со бетата @Veki4kaa Не ми се верува значи... Ве молам пишувајте со кирилица.
Да мила, вчера ми беше трансферот,јас сум кај Др.Владимир Трајковски,многу сум задоволна од него како доктор,позитивен, не зборува премногу и мислам дека си ја знае работата.Кај мене поради ограничена резерва одевме со краток протокол,сепак кај секој е различно ама ако не си била кај него може да закажеш консултации,не се чека многу.Со лесно и со среќа!!!
И мене мила . Нз стварно шо е работава. Ама не губам надеж! Ќе биде Господ кога ќе сака, силно верувам во него ! И не се откажувам!
@Alishan30 Izvini shto se vmeshuvam vaka,no me zagrizuva i moram da te prasham i maz mi e nositel na hepatit b od mal,pa dali pravat neshto problem vo fondot
Не никој не ни направил проблем никаде, на инфективна клиника проверивме. Носител е од бебе, и неговата мајка била позитивна па му го пренесила нему. Имаме извештај од инфективно на кого пишува дека тој е само носител, болеста не е активна и може да прави инвитро со негов материјал. Превентивно мене ме вакцинираа со 3 дози на хепатит Б и немаме никаков проблем. Во фондот го праќам и извештајот од инфективно дека е одобрено. Не ми направија проблем за првиот ваучер. Колку што познавам, има многу позитивни, кои не ни знаат дека се носители на вирусот