Мила,не се разочарувај премногу,сепак ќе имаш шанса со стимулирано ин-витро да дојдеш до ј.к Те гушкам силно и ќе издржиме до крај
Сите што сме се бореле и се борат со неплодност сме на психа падни стани.Значи нема назад еден ден ќе биде јас така зацртав и сите ќе успеете упорност и нема откажување.
Психа падни стани ?! Понекогаш толку психички пагјам што искрено и недели ми требаат за да се опоравам. Но, тоа е. Да се надеваме дека се ке остане зад нас.
Тешко многу тешко моменти на слабост на психа паднати, незнам како ке се издржи борба најтешка ни приредил животот... Ве гушкам сите мили мои фала ви на подршкатаи дајбоже еден ден сите да ги заборавиме овие моменти и да станеме мајки...
Да, овој магичен круг на борба со стерилитет за остварување на потомство изгледа скоро кај сите оди во неколку нивоа - прво е емотивниот хаос по дознавање на дијагнозата, па соочување со разочарувањето, па хормонски хаос кој не можат да го разберат жените што не го минале, па финансијска криза од трошоците и за крај најлошото - ментален хаос по неуспех. Но, добра вест е тоа што сето ова е "нормална" човечка реакција и тоа што милиони во светот извојувале победа, само треба да се истрае.
Девојки после оваа пункција денес што мислите дали можам да направам хистеро лапаро на крај од месецот да си одам систина да нечекам септември за во Чаир таман сега ако ја направам ке одмори организмот таман септември ваучерот ке ми излезе, пошто докторот ми рече убрзувајте со ваучерот и со лапаро нема време да се чека
@Luni извини што ќе се дрзнам да ти пишам вака, но нели е малко пребрзо ова? Жено секоја чест, но јас би сакала телото да ми одмори. Сваќам не беше пункцијата денес со анестезија, ама телото е во стрес. Хистеро лапаро е со анестезија, потоа ваучер со анестезија. Некако многу брзо ми оди ова. Колку години имаш, ниски резерви имаш на АМХ?
Офф имам 29 год но многу слаб амх 036 ми беше 039 за 3 месеци паднал, јас искрено веке не чуствувам болка во моето тело мислам се ке издржам денес и многу искрварив лежев 3 часа во болницата со газа внатре мислам 1 метро беше страшни болки истрпив но искрено душава повеке ме боли и затоа сакам што побрзо се да заврши, а докторот ми рече убрзај што е можно побрзо ова со амх го плаши ми рече среди ова лапаро и одма ивф незнам мислите ми шетаат јас лежам сега а мислите ми се што попрво да средам
Мила не брзај..јас со 0.07 од лани имав успешно ивф ..брзањето прави стрес...јас цела година како на маратон сум и затоа др.Трајковски рече да одморам..амх не е мерило и е моменталната состојба на антрални фоликули што не значи дека ќе има разлика голема во вредноста не не значи и дека треба да брзаш толку...подобро смири го малку и умот и телото ..потполно те разбирам и јас денес доживеав исто што и ти и тоа после абортус само месец дена поминати ама заедно со докторот одлучивме до Септември одмор...од срце ти посакувам да успееш...
Луни, дали си го прашала докторот што мисли за подмладување на јајници? Како што разбрав до сега, кај помлади жени има повеќе шанси да даде резултат. Жал ми е за неуспехот сега, но не се обесхрабрувај и немој да бидеш во грч
Многу убаво кажано. Нешто слично и јас сакав да напишам, но не можев да најдам зборови за да се изразам. Секое мое брзење ме коштало многу чекори наназад. Знам дека желбата е преголема и времето не притиска, но понекогаш треба да си дадеме барем краток одмор од шетање по болници. И ова со хормоните никогаш не ми било јасно. Амх не сум проверувала три години и не можам ништо да кажам за него, ама фсх, мене пред три години постојано ми беше над 12. Сега ми е 7 или 8 и нешто. Последниот пат ми беше 4,9. Не верувам дека и амх за месец или два би имало некоја разлика.
^кој и да прашам за АМХ одговорот бил да не испитувам. 31 ке полнам за некој ден. Незнам зошто да не испитам? Ваљда од полицистичните јајници, па сметаат дека не треба. Лани за првото инвитро многу брзав и се нервирав, кога ги добив документите ми се створи лутеинска циста, па прсна, па лежев неколку дена во болница, па чекав 1 циклус да видат дали се смирила цистата, па следниот циклус ми дојде по 56 дена, ми доцнеше многу. Па почнав со инвитро. Наместо во септември, излезе во декември. Затоа од таа ситуација си реков џабе форсирање, со сила ништо не бидува. Овој пат и подсвесно сакам да закасни ваучерот, да имам повеќе време да си посветам на себе и да не мислам. Сите ќе бидеме мајки еден ден, сите до една
Жал ми е што не извадивте јк. Нема "лошо" ако правиш хистеро на следен цуклус. Ако ти дозволуваат финансиите прави. Оти после операцијата пожелно е да чекаш еден нов циклус за да почнеш ивф. Рачунај. Ако правиш септември хистеро, ивф треба да правиш ноември
Jas voopsto ne ispitav amh prvo nemav visok fsh vtoro dobro reagirav na stimulaciite I treto imav poveke od dovolno antralni folikuli inace bremena ostanav na 33 god I edna ned po mojot 34 rodenden ja rodiv kerkickata mi
Девојче, олабави се малку, не си прави стрес, дај си малку време за одмор, не мора долго, барем овие месец-два опушти се малку, па од Септември со нови сили, полека, но сигирно, без многу форса. Млада си за да се загрижуваш толку, од искуства на членки, имам читано дека амх може многу да варира, така да не е дефинитивен репер за состојбата на резервите, но и за успех. Дали само Поповиќ ти препорача хистеро или и друг доктор?
Samo bidi hrabra site pominavme niz ovoj pad... Ke se digneme site veruvam vo gospod I site zaedno eden den ke se sobereme da gi zabraveme losite denovi a da se raduvame na ubavi te. ❤️❤️❤️❤️❤️
@Luni одмори се летово...мое мислење,собери документи за во фонд доби го ваучерот ,следно прави хистеро лапаро па нареден циклус инвитро обично специјалистите за неплодност препорачуваат нареден циклус после хистеро да се прави инвитрото. Така ми е мене планот инаку досега ќе направев хистероскопија...Среќно