@Sienna_MK браво мила Честитам од срце,многу ми е мерак за тебе,секогаш си прва за поддршка овде Убава и лесна бременост ти посакувам
Честитки до идната мамичка, лесна бременост и ново поглавие во животот со бебуши в раце!Сега ги читав старите постови и баш приметив нешто - на денешен ден лани си се зачленила на форумот, точно пред три месеци ти бил одложен трансферот и еве денес - убавини! Дефинитивно дедо Бог има изготвено "проект" за секоја од нас,само трпение.
Ви благодарам на сите за убавите зборови,срцето и душата ми се смеат од радост Така е мила,откако се зачленив на 18 јули минатата година,цела година активно и напорно работам за да дојдам до тука,неизвесноста е голема ама сепак мора да сме упорни,после 4 години борба и неизвесност, со сопругот денеска ги делевме солзите на радост и љубов,без него немаше да успеам.Ве гушкам сите!!! Фала ти мила за убавите зборови, те чекаме и тебе со убави вести наскоро!!!
Честитки мила, лесна и успешна бременост ти посакувам и за 8-9 м. полни раце љубов! Баш те помислив дека ти е време за тест и влегов да видам, ме прерадува со убавите вести!