Мене да ми го дадеа пред трансфер се ќе беше океј. Лошо е што почнав на трета недела бременост пред четврта да го примам
И моето прво ин витро заврши со мисед аборт.11 недела а плодот растел до 8 недела.Па потоа ме прати на трансфузиолог и испадна Д димери 500 и висок ризик на тромбоза.Чекавме уште две недели дали телото ќе го исфрли ама на крај мораше киретажа.Знам тешко е ама мора да се издржи.Јас одев во 8 септември помалку гужва кај Катерина.Кога останав бремена резултатите му ги носев на Нинослав во Систина за негово мислење и него го слушав.Консултации кај него беше 600 ден.Совет за сите што боцкаат клексан од него е витамин ц 1000 да се пие и серумско железо да се проверува.Кога се боцкаат клексани во бременост не се важни толку д димерите тие ке се ксчуваат и симнуваат ама најважно е АПТт активно протромбинско време тоа е циркулацијата и колку доцни во телото и до хранење на плодот.
. Ова е навистина добар совет. Ова за vit.c, и за железото не сум знаела, но логично е, бидејки клексаните ја разретчуваат крвта, па можно е и железото да опагја. А смее ли и после трансфер толкава количина на vit.c да се пије? И на колку време е најубаво да се проверува АПТт ?
aPTT- Активирано парцијално тромбопластинско времеa- дали се мисли на ова, гледам во Авицена е 300 денари или треба уште нешто плус? @Andra ти благодарам мила за советот
И после се чудам зошто железово ми поаднало по неуспешниот трансфер што го имав во мај а се боцкав со клексани уште пред трансфер... ти благодарам мила... значи вит ц чуда може да аправи ако си го земаме
Јас во бременост од 4 месец натака само д димери и АПТт проверував.Тоа ми бараше Нинослав во Систина.Клексани 40мгпочнав со 1 дневно.Во 5 месец 2 х 1.Па на крај со Фраксипарин 0.8 по 1.
Искрено јас одев и на клиника на трансфузиолог и 8 септември и во Градска значи никој не се замара да ти објасни а ни да те слушне што тие како ти е.Еден извештај за рефундирање клексани и тој ке го згрешат.Затоа ќе си направев таму анализа а на мислење во Систина.Др.Нинослав се ќе ти каже и советува и за понатака,се плаќа ама многу работи ќе ви ги разјасни.Не прави проблем со анализите од кај му ги носите .
8 септември,Градска или Државна на трансфузиологија.Во систина имам неколку пати Д димери и АПТт околу 1500 беше.
@Andra , фала ти многу мила на советите . А тој доктор Нинослав од Систина, тој трансфузиолог ли е? Тој ли ти ја одредуваше дозата на клексани/фраксипирини? Или одеше и на друг трансфузиолог? Извини така што толку многу се распрашувам, но ме интересира заради рефундација на парите од клексаните. Во фондот не го признаваат неговото мислење така?
Мислења од приватни болници не се прифаќаат во фонд, за жал. Јас минатата бременост само заради тоа одев на трансфузиологија, сум чекала и по 4 часа да ми земат крв и да ми дадат извештај за рефундирање.
Мила,не си одела со термин? Јас гледам дека сега моментално нема термини за Трансфузиологија па не знам како да дојдам до таму?!
Со термин одев, со упат Лудница е таму. Јас одев кај др. Јани, кај него па ептен е гужва, се пикаат и без упати и секое одење окапував. Ама вредеше, зошто докторот е стварно врв и гледа да помогне, не само да ти пројде редот. Јас сериозен проблем имав со димерите, протокот ми беше скроз затнат и бебе не се хранеше, он ми го среди.
Јас одев заради извештаите ама пола не успеав да ги рефундирам зашто нема термин да закажеш,остануваш без терапија,секое одење е кај различен ,што си збориш ретко кој ке те сослуша, па помала доза од таа што ти треба ти даваат и на крај ќе го згрешат извептајот па те враќаат од фондот.