Стигнало писмо дома, сега ја замолив свекрва ми да го отвори писмото и да ми го каже одговорот. Твојот позитивен одговор е, така?
^ете го,не го одобриле. Бараат 2д или 3д ехо со опис дополнително. Кај се праќа? Пак во фондот ли? И пак ли месец дена ќе се чека? Не ми е јасно, 4Д ехо пуштив.они 2Д бараат
ццц си играат играчки и јас не ја разбирам поентата им праќаш 4д они 2д бараат ??? Ајде прати им го и биди си во исчекување за позитивен одговор Ти пуштам среќа
Мила и јас пуштив само 4Д со опис,немав 2Д и не ме вратија.Не знам по кои правила се водат Мислам дека дополнителни документи се носат кај Мајка Тераза.Со лесно и побрзо да ти стигне ОДОБРЕНО!!!
За побрзо ако си од Скопје достави го кај комисијата.Кај споменикот Мајка Тереза позади рекорд.Може и во фондот ама додека ги пратат службено ќе помине време.
ХИСТЕРОСКОПИЈА Но, ти пишува 2д и 3д ИЛИ хистероскопија така да не мораш да правиш хистероскопија достави им 2д и 3д ехо со описно појаснување за состојбата на матката од гинеколог и достави им го лично. п.с. сега видов дека си пишала дека веќе им имаш доставено хистероскопја.. Незнам тогаш некоја грешка да не е или не го виделе документот, незнам.. Во секој случај достави им 2д и 3д ехо и копија од наодот од хистероскопија пошто претпоставувам оригиналот веќе си им го доставила и готово.
Proodnost na kanali pravese?jas koga prakav dokumenti samo 4d i hsg i ne baraa nisto dopolnitelno.toa lani koga aplicirav ..srekno
А да им се јавиш да им кажеш дека имаш доставено за направена хистероскопија. Да не не виделе или да не се зашуткал некаде листот...
Да им се јавиш да не случајно немаат видено дека имаш доставено хистероскопија.Дали имаш правено некоја интерценција зашто после интервенцијата бараат поврторно ехо .
Правев се ми е пуштено и хистероскопија и проодност на канали. Пак ке им пуштам копија од хистероскопијата и во вторник после одмор веднаш 2д и 3д ехо ке направам па во среда лично ќе им однесам во Скопје. Интервенција после првото инвитро немам правено никаква.
Да не те разочарам ,ама исто ќе си чекаш. Џабе ќе се "буниш". Дур не им доставиш 2Д нема да ти дадат ваучер. Безобразни се станати до трт. Истиот случај прошла недела во комшии го имав. Две хистеро ,една лапаро доставена, со тежок машки фактор и за 2Д ја вратија
А што им е фората со 2 д? Ова изгледа годинава почнале вака? Ако решам за 2ваучер значи да си го направиме и тоа подобро да не не мафтаат... ајде @Alishan30 кога ќе се вратиш директива 2 д и однеси ги кај мајла тереза за ппбро да ти ги прегледаат па да не израдуваш... Јас мојата подготовка ја откажав да видиме што ќе биде со циставаќе пукне ли сама или терапија... но откажување нема дефинитивно....
И мене ме вратија за истово,а со тежок машки фактор и направена биопсија кај сопругот. Јас имав 4 Д, но докторкава не напишала опис, објаснување од 2 реченици. Друго шо не знаев е дека 4Д ехо било најдобро да се направи на 21 ден од циклус-тогаш најубаво се гледа матката, па бев 3 пати за иста работа и изгубив месец дена, па уште 3 недели за одобрување на ваучерот Внимавај да имаш опис да не е таму проблемот