Дека е микрископска анализа,видено под микроскоп јас мислам уште еден бриз да направиш во друга лабараторија.Ама кај гинекологот потенцирај за кламидија како за пап да ти земат брис подлабоко. Кламидијата најтешко се открива кога е веќе важно за ин витро или бременост за краток период два пати да се провери.
Ајдеее тоа е тоа едноставно кај некој се си тече по редослед кај некој со кочница, за жал. Не е страшно ќе ја снема со терапија. А можда и имаат право девојкиве во друга лаб да си направиш. Зашто ќе правиш лапаро? Можда сум те прашала ама не се сеќавам.
Можеш да земеш упат за на гинекологија и од таму ќе ти дадат приоритетен за трансфузиологија. Така функционира сега.
Некој задоволен од Санте Плус? Конкретно за инвитро со донор на ј. к. Прашував за цени па ќе одам на консултација. Дали има посветен доктор и добар ембриолог? Гледам на фб успешни приказни секој ден. Они и Ремедика тука се со цените, дури и поскапи се малце. Па се мислам, фала
Што треба да пишува на упатот за Гинекологија ако веќе се работи за бременост? И кога ќе се отиде на Гинекологија што треба да се каже ,посочи како проблем за ТРансфузиологија.Фала однапред
Очекував дека ќе биде позитивен резултатот и баш те помислив, браво! Честиткии!!! Лесна и успешна бременост да имаш до пораѓање.
Вака значи само да прашам конкретно не планирам да забременам пак но веќе 2 месеца не се штитам по препорака на мојот доктор 6години се мачевме да забременам и не бидна на крај мораше со ифв и по втор пат се вроди со плод.. е сега ако сакам пак да правам ифв преку фондот имам замрзнати 6 ембриони само за трансфер ќе можам ли да го искористам ваучерот?
До амбуланта треба да е на ГАК. Што треба да пишува конкретно не знам. Битно на ГАК кажуваш што ти треба и ќе ти дадат упат.
Зато шо ми беа запушени каналите и при хсг ги пробија,никој не ми кажа од шо настанало то и искрено уште само тоа ми остана и готово веќе,се ни е испитано,се ама баш се!
Одев лани и таму.Дневна амбуланта соба број дали беше 16 или 26 не ми текнува.Може и со приоритетен упат ама и таму е хаос.Сите бремени одат за ехо и скриниг,тие што се веќе влезени во 9 месец,ризично бремени и секој што решил да влезе во гинекологија таму прво го праќаат. Секој ден е различен лекар и е голема гужва.Предност имаат нели закажани со термин ама кога ќе влезеш зависи прво докторот кога ќе почне да работи.
Фала ти миличка,сум била таму,амбуланта 29 ,досега 4 инсеминации имам правено на ГАК и точно знам што се случува таму,но сега се одмори па и не знам како е,само што и со приоритетен сум била,некако не сум чекала премногу освен за 4Д ехо кога правев во друга амбуланта чекав 4 саати,да поминат сите трудници Фала ти уште еднаш,ќе се снајдам
Јас денес бев на гак имаше гужва ама многу брзо одеше е само немаа интернет за упари да дават пациентоте преку телефон ги најавуваа на мој термин а на ворд испечатено за состојбата. Јас на гак брзо завршив ама на хематологија заглавив дури сега си дојдов дома