Знам дека ти е страв, баш дека си со ивф. Ама не се плаши, лежи си, опушти се и само позитивни мисли. Секогаш. Темава ја читам заради тебе деновиве, да знаеш. Чекам добри вести
Се случува да се појави кафеав исцедок, честа појава е после ет, може и од самиот Утрогестан, ништо страшно, само опуштено, за мирна глава консултирај се со докторот.
Hallooo,ете ме мене на темава,после три годишна пауза,решивме пак да пробаме со инвитро со замрзнатите наши ескимчиња.Сакав да ве прашам дали знае некој колку пари се фемара во грција.И така сме тука па др Трајковски рече ако можеме да ги најдеме тие.
@dunika се ќе биде добро, не се секирај.само консултирај се со гинекологот за секој случај. Да не треба да те боцнат депо прогестерон случајно
@dunika диши и не паничи мила опушти сеТемата и јас ја отварам за тебе и уште некои женички . Сум немала такво искуерво ама пратам една јутуберка таа правеше ифв за 2 дете. Имаше ваков исцедок неколку пати на почетокот па сега е 34 недела со близнаци меше ќе и пикне Исто и сестра ми и се појави ваков исцедок на почетокот па еве има 3 месечни близнаци Немаш потреба од плашење и многу мислење.Ќе биде се во ред
@dunika држи се девојче, напиј се магнезиум ако мн те боли стомак. Јас исто пиев еднаш или двапати, како што кажуваш исто и јас имав силни грчеви, ко бодење во стомак, па ете бета испадна 614 <3 Само смирено
Конечно добив и јас ваучер па ме интересира сега кај кого да се обратам дали кај докторот што ќе го прај ифв или матичниот гинеколог да знам кај да терам поздрав и извинете на глупото прашање ама прв пат се соочуваме со ова
Подобро кај тој што ќе правите инвитро да одите, таму ќе ви кажат уште што треба (мислам дека упат од матична и спермокултура), поздрав и со среќа
Оди дирекно со ваучерот каде мислиш да правиш ивф и среќно со постапката, да вроди со плод немаш потреба од матичен... Треба и упат од матична да имаш
И јас девојки се спремам од септември да почнам со прибирање документи за ваучер...Некако се ми е ново и лутам по темава и постојано ве читам и ви посакувам на сите што побрзо живи, здрави бебчиња. Прашањето ми е дали како предуслов за ваучер е 3 години во брак? Некој ми спомна такво нешто ама не знам колку е точно... Фала ви девојки и уште еднаш со лесно да ни е на сите
Не мора, ние бевме со 2 и пол години брак кога поднесувавме за првиот ваучер и ни одобрија без проблем
Здраво феминки,да прашам,оние што се боцкаат со фраксипарин во рака,дали ви се јавува како топче подкожно и дали имате модрици?Имам како топче кое ме чеша на едната рака, а на другата имам модрици,некое чаре?!
Не сум правела затоа ти кажувам. Џабе ќе фрлаш пари ако не правиш ПГД. 7 трансфера имам правено и ништо. Имам уште два ваучера ама џабе, од кај да знам кој ќе биде добар ембрион. И самите доктори тоа ме советуваа или ПГД или со донација зашто вака може да се оди до бесконечност. Јас сега еве собирам информации па и да присоберам финансии и најверојатно ќе одиме во Турција
Може со хепатромбин да се мачкаш,и јас имав ,доволно е само врвот од иглата да влезе поткожно и така ретко се прават мидрици.