Девојки,мојата Бета на 11 ден од трансфер е 260 Направив сега и дигитален тест,ми покажа + и 1-2 седмици бременост. Не сум баш свесна и просебна,денес дур чекав да се јавам за резултати си видов кафеав исцедок и бев 100% сигурна дека добивам и плус почна да ме сече стомак,баш ко да ми пробива.Во 13 ч свртев во клиниката и чекајќи да ми потврдат негативна бета,кога од таму слушам “Имаме добри вести” -“Ама мене ми иде”-реков,имам кафеаво,а секогаш така ми почнува. Добив одговор дека е од утрогестанот,не е страшно. Фала му на Бога се смирија брзо и болките,сега нема ништо. Останува да си дојдам при себе и да се израдувам прописно.Некако не ми е верно.
Честитки мила!!! Успеа!!!!! Многу се радувам за тебе! Можам да претпоставам само како ти е Радувај се ,плачи си, смеј се, денес е твојот ден (си пуштив солзи)
Јеееес браво @dunika , прво и успешно Многу се радувам за тебе Честитки, и најлесна бременост ти посакувам Ептен се израдував за тебе А утрово, те помислив. Викам сигурно 14 дена ќе чека, и не ти пишав
Те чекав, те чекав да пишеш и те дочекав!!! Мила, најмила моја, мило ми е како за свој! Честитки драга моја Дуниче, знаев дека ќе биде, знаев! Се исповозбудив и си поплакав, да знаеш. Со лесно нека ти е мила, те чекам да се дружиме во труднички, дека и јас сум тазе и немам такво друштво таму Те гушкам бре, сакам да те истискам од среќа!
А мене Бубче у 40 не швркна од мислење.. Честито Дуника. Ти посакувам школска бременост и лесно да поминат наредните месеци.
@dunika потајно те следев овде, и чекав да пишеш. Ко за своја се израдував. Многу ми е мило. Со лесно да ти течат деновите и месеците.