Да имприлот се витамини јас ги пиев од денот на пункцијата па до 10 недела од бременоста па ми ги заменија со прегназон Точно јас чекав 3 месеци па ме вратија за да направиме биопсија на тестиси направивме па чекавме уште 1 месец
Ова само предлог да проба, ако случајно ја вратат, ама можеби ќе и’ одобрат и вака, никогаш не се знае.
Да тоа сакав и јас да кажам,нека си проба.Кај мене со две иуи и со мислење не успеа само кажав искуство,Можеби кај неа ќе одобрат,вреди да проба
Да најдов број... Го најдов на Фб. Личен профил и девојки се изненадив од Д-рот за половина час ми врати со негов број за да се јавам и средивме работа, ретко се наога ваков доктор глемо браво на сите им го препорачувам... Најмногу и благодарам на @Bubce38 таа ми го препорача
Мила прегназон и магнезиум пиев и аспирин ама ми го прекинаа во 22 недела поради обилно крварење од носот а јас сум анемична со бета таласемија и хемоглобинот ми падна на 60
Јас аплицирав за инвитро на 31ви мај, беше петок, а на ваучерот пишува дека е одобрен на 6ти јуни. Се зачудив како за три работни дена го разгледале и го одобриле. Со азооспермија сме, замрзнато ткиво, за мене имав хистероскопија поради септум и полипи, хормони со лечен пролактин и 4д од лани од октомври, и нормално брисеви. Дури немавме ни венчаница однесено, после една недела ни беше венчавката. Дали нив им беше погоден денот па имавме среќа толку брзо да ни одобрат..
Здраво феминки, сакав да се консултирам со тие што имаат успешно инвитро. Јас имав ет пред околу месец, висока бета, на ехо ме видоа еднаш и ми рече докторот дека големината на ембрионот е во ред...а кај мене никакви симптоми, ништо ни со чувството за мирис, си јадам се, нема гадења Околу 6 гестациска недела сум значи. Има/имало ли и други вакви случаи? нормално е?
најпрво честитки,и немај гајле јас сум 18 недела и никакви симтоми немав до сега ни гадење ни повраќање,ни мирис ни зголемен апетит,секој организам е различен,узивај и со лесно до крај
Супер ајде ќе го следам твојот пример а инаку, кога првпат го слушнавте срцето? Јас другата недела ќе одам на второ ехо, мислиш дека ќе може да се слушне?
Првиот пат на ехо бев во 8 недела тогаш и срцињата се слушнаа,па во 13 недела прв скрининг.На контроли одев на месец ипол.Се ќе биде во ред и со лесно да си ја истераш бременоста.
Devojki ve molam za mislenja kade da pravam vestacko me sakam Plodnost veruvajte spored odnosot na Tase jas ne bi se vratila tamu!! Ve molam pisete mislenje i iskustvo
Јас планирам да почнам во Плодност дали ќе сакате да споделите искуство иако не сте задоволни да знам што ме чека
Да јас сум многу задоволна и од докторот и од целиот персонал. Докторот не зборува многу ама јас си прашував што ме интересира и се ми објасни културно. И сега вп бременоста сеуште одам таму и на телефон или вибер постојано е достапен во секое време што и да ми треба