Фала ти многу. Ми олесна. А кога ќе одам на клиника, знам дека прашуваат кој ден од циклус е, значи можам слободно да кажам 4ти или 5ти, да стои во резултатите?Се извинувам што замарам ама прв пат ќе поднесувам документи.
Без разлика дали е неработен ден појди земаат крв таму ја чуваат во фрижидер и наредниот работен ден ќе ти испитаат истото и мене ми се погоди така ко испитував
Да, ама дали можам да отидам без упат, зашто мислам дека матичната нема да може да ми издаде упат за 28.08? а мислам дека нема да ме примаат без упат на клиника? ти како отиде?
Извај си пред време тие упати важат по 1 месец нема да ти прават проблем и јас не знаев па еден месец така ми пројде наредниот месец исто се фтака миати неработен ден и прашав па така ме испитаа
Исто и јас така вадам од матична упат кој важи 30 дена, и доколку тред ден се паѓа во сабота ми земаат крв и тогаш, и потоа си ја обработуваат тие крвта. Битно е да се запази третиот ден, затоа и така ги викаат хормони на трет ден од циклус
Ај кога е сме кај хормони трет ден ве молам за мислење...на 2 ден бев на ехо лево без фоликули десно еден од 20мм но др сметаше дека е од претходен циклус и не е добар ...од истиот ден почнав со микрогинон заради подготовка за хистеро овој циклус..нареден ден хормонски статус ...дали таблетката микрогинон влијае на резултатот или не...и што мислите за моиве резултати..чудни ми се и прв пат имам толку низок фсх а висок естрадиол
Во врска со резултатите од ова што јас можам да го видам, мислам дека естрадиолот ти е во нормални граници, (реф. вредности 18-147), а кај тебе е 123, 94, имаш мало покачување само на пролактинот, другото ми личи во ред.
Височок е естрадиолот ама повтори си ги хормониве кога ќе се среди фоликулот. Пролактинот исто така е висок.
Баш последново испитување ми падна 3ти ден во недела, во понеделникот ги испитував на ендокринологија и денес со резултатите бев кај проф. Пемовска, и на резултатот пишува 3-5 ден не рече ништо. Дали на други клиники е поинаку не знам, но не верувам дека ваму прават нешто погрешно.
Клиничка биохемија работат и на празници.Ќе ви земат крв и ја чуваат и нареден ден ќе ја обраборат.За секој случај јавете им се.
Здраво, утре имам закажано преглед ми рекоа да одам на третиот ден од менструација... Па ме интересира дали сте запознати каков е тој преглед?? Во Систина имам закажано