Нешто слично како кај мене ако ти се на 3 ден правени...а дали примаш некаква терапиј? Колку што се сеќавам и ти си со низок амх ..јас ги оратив на р моите и уште чекам одговор
Да на трет ден испита, не примам терапија матичната ми рече добри се но мене некако висок пролактинот мада и тероидната малку е повисока за првото ивф ми беше 2.3. пиши ми дали ке ти го одобрат ваучерот матичната кај мене вели ке ми го одобрат...
За ваучер ќе ти одобрат секако..но со таа вредност на Е2 ќе ти бараат амх..јас не поднесувам за ваучер бидејќи само со донирани ќе ми одобрат
Не јас поднесов со низок амх 03 и побараа да поднесам барање дека сакам со свои јајце к. Само да пишува јас таа и таа поднесувам барање за ивф со свои репродуктивни ј. К и ми одобрија.
Ама само еднаш има така право колку што јас знам ..наредните со донирани одобруваат..ако е така и јас ќе аплицирам пак ама ми кажаа само еднаш имам право со свои ј.к.
Ама не е баш така едноставно. Мора да има и други индикации. ФСХ високо, мал број антрални фоликули..
Ве читам погоре во постовите во врска со естрадиолот. Мене на 21.11.2018 хормоните ми се следни ФСХ 5.5 ЛХ 6 ПРОЛАКТИН 10.9 ЕСТРАДИОЛ 57 ТЕСТОСТЕРОН 2.05 ТСХ 2.05 а на 29.05.2019следни ФСХ 5.47 ЛХ 4.59 ПРОЛАКТИН 12.4 ЕСТРАДИОЛ 113 ТСХ 2.04 Дали според вас е загрижувачки бидејки пред неколку години АМХ ми беше 0.9 и инсулин гроут фактор 86.61? Ми е страв да испитам амх ,се плашам од резултатот.Незнам што да правам. Од фондот ми пратија докомплетирање на документи да донесам 2 Д и 3Д ехо и негативен резултат од брис за стептококус агилиес.Јас имам направено 2д и 4 д и сега уште 3 д да направам и чекам резултат од брис и ги пракам документите.
Докторот ми пишал дека има над 20 антрални фолекули на двата јајника.Овој извештај ќе го пратам и уште 3Д бидејќи не ми направи.Тоа понеделник ќе го правам
Жени страв ме фати веке со ова хормониве еве Супер си ти хормоните ти се на ниво, нема што да се плашиш ти посакувам успех..
Здраво на сите, Пред се сакам да препорачам на сите кои добивате одговор од фондот за дополнителни испитувања, не прифаќајте се веднаш, барајте консултација директно со комисијата затоа што изгледа како им доаѓа така трескаат што треба плус. Зборам од лично искуство, да не ве тормозам со детали. Би сакале да споделите искуство со д-р. Петаноски и кој друг доктор вие препорачувате од ваше искуство? Ви благодарам
Здр девојки едно инфо ако може,имам циста на десен јајник и ми предложија лапаро,е сега се јавив во систина абе ме мавна шлог од цената 120.000 денари,правев лапаро пред 3 год ме кошташе 82.000 ден,некоја да е правела во скоро време па да ми пише за цената фала ви