АМХ имаш испитано ? Јас мислам дека во поглед на годините не можеме да генерализираме и да гледаме така туку според состојбата на индивидуален организам . Ако резервите ти се многу ниски и поради годините квалитетот на јк намален и мислењето на специјалисти од областа е дека подмладувањето не би постигнало ефект -можете да пробате со донирани јк и пак ќе си бидеш мама. Отиди и на второ мислење кај друг специјалист ,би ти го препорачала Владимир Трајковски од Њуборн.Во секој случај многу подобро е каква и да е состојбата да си бидеш на чисто за да знаеш во кој правец ќе се движиш. Годините се ризик фактор да , но има случаеви во кои со инвитро имат успеано и во 40тите- многу примери овде на форумов ,од друга страна знам за женичка која на само 34 год поради премали резерви и слаб квалитет на јк имаше неуспешни инвитра со нејзини јк , па сега ќе пробува инвитро со донирани - така да не би ги земала годините како крајно мерило туку состојбата на секој индивидуален организам .Ти посакувам многу среќа
Има опција да ти го одржуваат циклусот со хормони, па да ти направат ин витро со донација. Пред година дена имаше случај жена од Србија роди дете на 60 години, а од 50 немала циклус.
Пријателка една на 32 год кога направи хормонален статус на 3 ден сите вреднисти и беа во менопауза.Докторите тука специјалисти за ин витро и рекоа со донирани јајце клетки само.Почна да оди на хомеопат во Бугарија и даваше терапија и самата викаше се чуствувам убаво по женствено.После 1 год остана природно бремена.Незнам точно што и како и била терапијата само ова ми го кажа накратко.
Рејувинацијата на јајници е токму за такви случаи, ако си ти воопшто таков случај од само едно мислење. Обавезно преглед и кај втор, ако треба и трет д-р. Д-р Стојковска ти го кажа ова?
Ке правите хистероскопија во Чаир? Да не случајно знаете др. Зоран Илиевски дали е на одмор или работи?
Девојки бев денес во Чаир поминав се анастезиолог поминав и сега ке чакам да ми дојди па ке се прави хистеро и лапаро заедно, сакав да ве прашам каде се прават тие интервенции таму кај анастезиолог што е пошто имаше интервенции видов но беше многу грда сликата хаос е?
Девојки наредна недела планирам да одам на консутација за прва инсеминација. Баш сега брисот ми покажа мала концентрација уреаплазма и матичната ми даде полигинакс. Прашањето ми е дали индеминациите се одложуваат се додека не се излечи уреаплазмата? Мора ли негативен брис пред да се прави? Благодарам
Мене пред иуи ми побараа чисти резултати од пап, микробиолошки и хепатит...исто и за мм хепатит Мислам дека треба да се чисти,сепак консултирај се со Др што те води
Сите истиот страв го имаат после прва консултација со анестезиолог долу во ужасот.. Немај гајле, горе на оперативно одделение е многу поинаку, посебно во интензивна е како на филм