@matilda258 ... Оли е во право... доколку е тежок машки фактор одобруваат со помалку инсеменации. Ако добро разбрав, возраста исто така игра улога (над 40 години за жени). Мене лани ми одобрија со 2 инсеменации + 1 ИВФ и двава фактора погоре. P.S. Јас немав некаков посебен извештај или мислење од лекар. Според правилникот исполнувавме услови и дури не обрнував многу внимание на ова кога поднесувавме.
@matilda258 И јас мислам дека @0ли има право, на страната на фзо има листа на апсолутни медицински индикации според кои можеш сама да видиш дали и вас според вашите дијагнози би ви одобриле ваучер без инсеминации. Ние добивме еден ваучер со 3 инсеминации, а без било каков извештај од специјалист, бидејќи сме со тежок машки фактор.
Немам претјодно пишувано Имам две неуспешни инсеминации и имаме мн слаб спермограм а кај мене се е ок Фала девојки,сепак најверојатнпо ќе треба сите 4 инсеминации да ги направиме
Ние со слаб спермограм, 4% концентрација добивме ваучер без ниту една инсиминација. Веќе сум бренена <3 Ти посакувам успех
Колку слаб? Концентрацијата каква е? Ако е 4 и под 4, одобруваат и без инсеминации, какo што напиша @mici-22
Не знам дали мислењево е за овде, но прочитав многу од вас кои се плашат и едвај чекаат да одтанат бремени со ИВФ. Имам многу примери околу мене од блиски личности кои не можеле никако да успеат, но по извесен период ги видовме со бебе во раце. Првиот пример беше комшивката која милион пати се обиде по природен пат и не успеа, 2 неуспешни обиди имаа со ин-витро и решија да посвојат дете. Откако видоа дека не можат го вратија детето. По неколку месеци жената остана бремена и самата не знае како,тврди дека пиела лекови кои не смее жена дс ги зема во текот на бременоста, но еве ја има сега 2 прекрасни дечиња. Дури и трето направија (сите по природен пат), но третото го изгубија. Вториот пример е за луѓе кои исто така ми се многу блиски. неколку години им велеа дека се е во ред но дека нема да успеат да не фрлаат пари. Тие не послушаа и еве нивното девојче има сега 9 месеци. Не знам колку пати пробаа со ин-витро но на крај успешно. Третиот пример е за една млада жена која со години беше во брак но никако не добија детенце. Се решија зс ин-витро и на вториот обид остана бремена со близнаци. Едното бебенце почина по неколку дена откако беше донесено на свет. Истата оваа жена пред неколку месеци ја видов бремена. И честитав и таа само ме погледна , си го стави прстот на главата и рече: се ми се промени откако си ја променив и ослободив психата, не мислев на ин-витро и сметав дека е рано за второ дете,но ете се случи само по себе. ЧЕТВРТИОТ И НАЈОХРАБРУВАЧКИ ПРИМЕР- Луѓе кои се блиски пријатели на моето семејство.(врсници на моите родители) Се обидуваа со ин-витро повеќе од 15 години. Сите болници ги прошетаа,сите манастири и свети места и ништо не даваше успех. Кога решија дека ќе се откажат жената сакаше да пробаат само уште еднаш. Таа остана бремена и во почетокот од бременоста требаше да прима некои инекции(не знам какви), докторот заминал на одмор и тој ден тие отишле во болницата но сестрата им кажала дека штом докторот не дал наредба тие не можеле да им дадат инекција без докторот да даде насоки. Кога се врати докторот констатираше мртов плод. Немаше срцева реакција и жената мораше на чистење. Тогаш решија дека нема откажување. Штом после 15+ години успеаја еднаш знаеја дека има надеж. Се обидуваа уште 2 години и замислете жената остана бремена со близнаци кои сега имаат 2 годинки. Инаку таа имаше 39 години кога остана бремена, а мажот 3-4 повеќе. Не сум од типот на луѓе што ќе ве убедува да правите едно нешто или друго. Само ги споделив овие работи за оние на кои им е потребна поддршка и им е потребно да го слушнат ова. Не сакам луѓе кои продаваат магла од типот не ви треба дете за да бидете комплетни или можете да посвоите.. СЕ МОЖЕТЕ САМО НАЈВАЖНО Е ОНА ШТО ГО САКАТЕ. Јас не сакам ни да помислам како се чувствувате, знам дека не е лесно.. Се надевам дека сите ќе успеете.. После овие и многу други примери знам дека ИМА надеж!!
Да, во право си психата игра навистина многу голема улога во забременувањето, ете и сите овие примери кои ги наведе, го објаснуваат тоа, дека е потребна смиреност и трпеливост. Само не ми е јасно за првиот пар што го спомна како пример, посвоиле дете, па го вратиле? Така е, или не те разбрав добро?
Да. Земаа дете малку поголемко ама не можеа да издржат така, не се чувствуваа дека постапуваат правилно. Детето беше со посебни потреби. Го знаеја тоа, жената е дефектолог,го прифатија од почеток но со тек на време сфатија дека тоа не е исправно, дека на детето му треба посебна нега во центар за такви лица, а на нив им треба дете на кое ќе му се радуваат.
Не ги осудувум, секој си има причина, зошто го нсправил ова или она. Во ред, ако така се чуствуваат подобро, но да земеш дете и да го вратиш. Треба да си спремен на таков чекор, кога веке прифакјаш, но му дале надеж на тоа дете, го зеле, па го вратиле... Воопшто не ми се допагја тоа. Но да повторам секој си има свои причини, и не можам никого да осудувам.
Целосно си во право, греота е. Но ете се ставив на нивно место и можеби тоа моментално им требало а после тоа виделе дека не е баш лесно. Сепак станува збор за дете,жив човек со чувства и емоции не е како да враќаш производ кој не ти ги исполнил очекувањата..
Мислење за ПЕТАНОВСКИ - РЕМЕДИКА, Ве молам и добри и лоши искуства за ИН ВИТРО што сте ги имале, ќе ми биде од голема корист. Благодарам
Презадоволна. Малку повеќе си чекавме за преглед (дури и 2 часа) ама вредеше. Прво ин витро, 2 близначиња.
Да Ви се живи и здрави... Благодарам, ми значи затоа што треба да започнам со постапката, но сеуште не сум одлучна 100%, па ми треба споделени искуства.
Jas licno negativno imam 3 neuspesni kaj nego, ama sekoj so svoja prikazna treba sama da odlucis od kaj nieden doktor ke nemas 100 % pozitivni iskustva
Negativno. I nikogas ne bi se vratila vo remedika generalno.. Ama sekoj so svojata sreka, a tebe ti posakuvam da si ja najdes kade i da odlucis.
Исто и јас . Но, некако се помирив со тоа дека така требало да биде и се е божја волја, дури и изборот на лекар.