И во Њу Борн се прави ПРП, не би сакала да те разочарувам само најпрвин размисли, прочитај и консултирај се за ПРП. Кај мене беше неуспешно и останав без циклус (кој претходно го имав) и во последно време од форуми и групи што читам се' повеќе има како мојот случај. Има некое ново истражување во Грција и воведена е експериментална програма, мислам дека сеуште е во тек во клиниката на Др.Пантос. За успешно ПРП имам читано дека FSH да ти е најмногу 30, според мене се останато е фрлање пари.
Ако се ви е уредно не одложувајте според мене. Ако се одлучите и кај Ивановски зависи од протоколот,кај мене на 2 ин витро он ми одложи месец дена за да пијам терапија за подготовка.Почнав јануар а пункција беше крај на март.Многу е прецизен и со резултати и анализи и додека се не е како што треба и не е сигурен знае да одовлекува.Барем јас така го доживеав тоа.
Јас чекав за преглед еден месец,многу е гужва кај Ивановски.Консултација и терапија имав од февруари,ваучарот ми беше одобрен во април,во октомври пиев хормонска терапија,во ноември пункција и во декември трансфер(фала му на Господ успешно),.Така да @lia22 не чекај,мораш да рачунаш непредвидливи работи,па се чека следен циклус и еден месец се губи.Ти ако одмори,само немој многу.Ти посакувам успех.Иначе бев со долг протокол,второ ивф и 39 години.
Токму др. Пантос ја воведе методата на рејувинација во Ремедика, во јуни 2017. Не е баш нова таа експериментална програма. Јас кога правев во 2017 г, веќе беше започнато истражувањето. Во клиниката во Атина, кај др. Пантос доаѓаа жени од цел свет за ПРП на јајници. Во исто време, оваа метода се спроведуваше и во Америка. Многу често ја повторуваа рејувинацијата по 2-3 месеци, доколку нема резултати. Тогаш многу следев што се случува и дали има позитивни резултати, но скоро 2 год. не сум во тек. Кај мене имаше успех. Многу ми е жал што не успеало кај тебе. Дали успеа да го повратиш циклусот на некој начин? Со терапија, суплементи...?
Јас сум во тек. И има нова експериментална медота која ја нудат во моментов пред некој ден читав дека им ја понудиле, не сум ја разгледала детално дека искрено не сум веќе за тоа заинтересирана (барем не засега). Јас колку што знам Др. Пантос не ја вовел во Ремедика, него Др. Снежана била на специјализација кај него. Со циклусот мачам мака со цикло па ќе видиме.
Др. Пантос е со сигурност, но, не би сакала да пишувам повеќе информации јавно. Впрочем, не е ни битно. Ќе побарам и за таа нова метода, ме заинтересира. Фала ти што сподели. Ти посакувам од срце да се среди циклусот.
Ajde Sega da ve prasam : Dali mozam da dobijam vaucer, dokolku kanalite od edniot jajnik mi se zapuseni? Znaci imam napraveno Hsg. A se vodime deka maskiot faktor e problemot.
Можда во тоа е и успехот,мене ми помогна терапијата многу,ем имунолошки стерилитет,ем 39 години.Ти посакувам успех
Кај мене кога правев хсг испадна со еден јајник другиот нема ништо и,машки фактор се беше во ред,правев три инсеминации а ми рекоа доволно биле 2 и два пати поднесував за ваучер немав проблем.
Каде на клиника можам да испитам треба за мене и мажот ми хемостаза и од кај се зима упат, од матичен или од матичен гинеколог. Ви благодарам.
Здраво девојки.ве молам за помош. Пред еден месец правев микробиолошки тестови и ми излезе бактерија enteroccocus, пиев сумамед три дена, пиев чај од оригано, матичен млеч и витамини ама кога ги повторив тестовите пак се појави.Уште овие документи ми фалат за да поднесам за ваучер ама ми се одолговлекува. Докторката ми даде амоксиклав антибиотик и вагиналети. Ќе земам и пробиотик. Ве молам за совет што уште друго да пијам дополнително?
Јас мислам дека после толку јак антибиотик како сумамед, амоксиклав нема многу да ти заврши работа. Ти направија ли антибиограм да се види на што реагира бактеријата конкретно кај тебе или онака ти даваат антибиотик по дифолт?
Мислам дека имаше некоја табела во резултатите како на што е чувствителна (ако е тоа антибиограм?), ги немам кај мене моментално резултатите за да видам.
Да, тоа е тоа. За конкретнава бактерија кај тебе не би знаела, ама внука ми мораше да зема нитрофурантоин за резистентна бактерија на сумамед.