Со среќа Оли , на радоста ваша да и нема крај . И да , ти си најголемата феминка оптимист. Секогаш утешно смирена надежна
Јас не пишувам во оваа тема, но ја читам секој ден. Многу се радувам за тебе @Оли , секогаш за другите беше тука и за одговор и за утеха, и за делење позитивност. БРАВО за ВАС! Со лесно да си истераш!
Здраво девојки колку време прајте пауза од едно до друго не успешно ин витро инаку јас ја примив само терапијата не направив пункција бидејќи фоликулите не стасаа до потребната големина дали некој имал вакво искуство
Сите ги боцкаат пред трансфер со диазепам инекција,зарафи опуштање на мускулатурата и смиреност на телото.
Јас со првото ин витро исто но Ивановски направи пункција 3 извади со лош квалитет сега незнам големина која,и рече ќе имаме трансфер не се надевај,сакал да види дали се спојува со сперматозоид и настана оплодување и стигнав до 10 недела и мисед аборт. Ако одите преку фонд 6 месеци од денот кога сте почнале со терапија за ин витро,а ако си одите приватно можете одма нареден месец ако е во ред со хормони и лекарот како ќе одлучи.
Мене во ЊуБорн не ме боцкаа... Плус, овој пат не беше само дијазепам туку и една друга инекција, не го памтам името, од која за момент ми се слоши и одма помина. Убаво ми објаснија што е намената само не памтам се после девет месеци веќе.
Нема поубава вест и слика од оваа.... Честитки Оли,лесна бременост да си имаш, остани позитивна и гали меше, на сите ни го разубави денот... Природно е нели? На сите што сме тука си ни пример за упорност, трпение, надеж и верба, честитки од срце
Ме испорасплакавте, ми ја стопливте душата, ве гушкам сите Не е природно, трансфер со замрзната среќичка Возбудена сум и немам концентрација во моментов, ќе раскажам сè со бистар ум
@0ли знаев дека имаш ескимче од првиот циклус,и знаев дека тоа ке биде твое дете.Само никогаш гласно не го изговорив.Гали сега меше,и навикнувај се на идеата дека веќе имаш живот во себе Иначе,ни јас не примив никаква инекција,всушност не бев ни малце вознемирена на денот на трансфер,баш бев релакс и му позирав на маж ми “пред и после” пози во тоа наметката,па го ставав испечатениот лист со ембрионот на него над стомак пишувајќи му “тука си”.Еден ден ке му/и’ ги покажам
Честитки мила,со лесно до крај,на сите не советуваше и ни беше најголемата поддршка,ни го разубави денот, јас иако сум 6 месец секој ден ве читам и ви посакувам на сите да си ги дочекате тие 2 цртки
Ејјј мила како ме израдува те гушкам оваа среќа никогаш да не згасне,среќно за 9 месеци со живо здраво бебенце во раце ајдее кај сите да дочекаме ..
Честитки Оли од Убавото со убаво се враќа! Ти за сите несебично секогаш си тука, а денес сме сите тука со тебе да се израдуваме Лесна и успешна бременост ти посакувамте чекаме во труднички
@mace89 јас имам позитивно искуство со др Димитров. Прво ивф, успешно, од вчера влеговме во 7ми месец, 27 недела Инаку пред трансфер не примав ништо, едноставно тоа беше тоа до тука се стаса и другото натаму во Божји раце Две вративме, требаше да имаме уште 3 ембриончииња, но само тие 2 успеале до крај Му викам на мм спреми се дупла работа те чека Едното за жал немаше срцева акција, другото секој ден не потсетува колку сме благословени што успеавме Со среќа нека е и кај тебе и кај сите,редовно ве следам, редно е да се множат убавини тука
Cestitki olcee jas denes prv pat bev na detski rodenden so kerkickata I se raduvav mnogu a prethodno koga nemav deca ic ne mi se odese na rodendeni denes bev gorda sto tie solzi zavrsija