Дај Боже да имаш да замрзнеш, бидејќи незнаш што ќе биде понатака. Јас имав и си ги замрзнав. Во Њу Борн замрзнувањето до 6 ембриони за 1 година е 24000 денари и секоја година по 6000 денари. Првото инвитро ми беше неуспешно, а вториот пат со замрзнати ембриони успешно. Така да ако имаш замрзни си за да не ја поминуваш целата постапка. Стискаме палци за успех и меше со бебе
Здраво девојки би ве замолила за совет.Завршив со стимулации,но бидејќи фолекулите не достигнале потребната големина прекинавме со процесот со образложение дека сум 1 од 200 такви случаи ако е тоа логично образование и ми предложи докторот по 1 месец пауза пак да почнам (доктор Таше).Сега сум во дилема кај да појдам на консултации дали во Систина (Ивановски или Адамодка дали некој има искуство) или во Њу борн (Трајковски) . извинете за долгиот пост поздрав
Значи ве разбрав , фала ви многу ми значеа овие одговори ваши Ќе замрзнам . Во систина сум , колку и да е , не е поскапо од хормонското третитање боцкање напнатост .....
Во сите приватни клиники мислам дека има општо поскапување на сите цени, со некоја мала разлика, но сепак има разлика.
Ме интересира кој има позитивно искуство кај Адамоска во Систина и каков доктор е? Не сум прочитала многу до сега за женава. Прашувам за братучетка ми, не за мене бидејќи мене повеќе од доволни ми се двајцава доктори каде што одам во моментов
Како ви го дадоа да го пиете микрогинонот? Мене ми кажаа 2 ден од циклус ама не прашав како се пие Моја пријателка правеше кај неа, беше презадоволна, успешно од прва
Ок фала Претпоставувам нема врска временски кога се пијат, може пред спиење, за да не се осекаат нус појави у случај да ги има ...
Јас ги пиев сабајлечки ама сега да ме утепаш не се сеќавам дали докторот ми имаше речено така или така ми дошло... Најдобро да си прашаш.
Честитки драга! Ептен се израдував. Го очекував денот кога ќе се пофалеш со позитивен тест. Несебично одговараш и помагаш на секој. Уживај во периодот што следи, да имаш бременост како песна и за 8 месеци да си го држеш јуначето во раце
Оли мила до 13ти ден дајбоже и за двечки да е бетата.... Најлесна и најшколска бременост да си имаш...се чуствувам дека пак ке сум тетка иако не те позз лично секогаш си ми била тука за мене ...
Неизмерно ви благодарам на сите за прекрасните зборови што ми ги напишавте, и тука и во приватна порака. Ви благодарам за поддршката, премногу ми значи. Ниедна не познавам лично, но сите сте ми драги, друшки, соборки, лавици сите до една Што побрзо да ме израдувате Не истрпе срце и проверив бета вечерва, се качила на 307 Снегулчето мое си расте
Браво, браво, браво Снегулчето нека си расте, а тебе те чекаме во труднички муабети и повлечи ги другарките од овде натаму Инаку, редовно ја следам темава иако не спаѓам во неа. Се соживувам со сите до една, и вистински се радувам за тебе сега