Ајде, лесна нога имам, очекувам да почнат со позитивни тестови есенскиве мешиња, па зимските и сите со ред. Со лесно да одат сите постапки и со убаво да се завршат
Мене денес ми се јавија , од 9-те ј.кл. 5 биле зрели , и само 4 се оплодиле. И сега добро ли е тоа? И што е подобро едно ембрионче да ми вратат или две ?
И кај мене од 9,6 беа зрели, 5 се оплодија.. До бластоцисти стигнаа само 2, двете ми ги вратија, еве едното додека пишувам си боксува во стомак. Нема правило, и едно да е, убаво квалитетно да е и да те радува! Ти посакувам успех!
Дечки добро утро.. некој збореше неможам да го најдам муабетот дека АМХ почнале да испитуваат на клиника. Кажете ми како оди, со упат од матичен и што треба да биде наведено ? Имајте убав ден
Јас проверував минатата недела. Мојот матичен не можеше да ми даде директно до лабораторијата на ГАК, туку ми даде упат до асистирана репродукција, соба бр 29, мислам дека беше. Таму ке им кажеш дека си за АМХ и тие ке ти дадат лабараторијски упат. Завршуваш работа во истиот ден. Во лабараторијата прашуваат дали ти е за ин витро, сигурно за побрзо да бидат резултатите. Ми земаа крв петокот, ми рекоа резултатот вторник ке биде готов, а понеделник беше неработен ден. Цената е 250 ден. Многу се исплака, дури и од друг град ако доагјаш.
Тачно, доле во амбуланта. Јас отидов горе, лом ме направија, како они се доктори, па треба преглед, ова, она. А, прашуваат дали за Ивф зашто нас ни треба потпис и печат за Фондот, инаку по мејл ги праќаат.
Баш фино ова, конечно им текна да го испитуваат на Клиника. И цената е смешна во однос на тоа колку е на приватно.
Здраво девојки. Мојата пункција помина со 18јк но трансферот ќе се одложи поради опасност од хиперстимулација. На 2 ден беа 11јк до добар квалитет а денес ми се јавуваат и ми викаат 5јк ми замрзмале. Малце ми падна чудно како од 11јк за еден ден само 5 останале. Или нив им е пракса да замрзниваат само 5jk. Дали на некоја од вас ви замрзнале повеќе од 5 јк во Ремедика?
Дали знаете колкав е процентот на успешност со трансфер на 1 ембрион ? Колку од вас имале успешен трансфер со 1 ембрион? Најверојатно ќе ми вратат само 1 поради миомот кој го имам... Незнам дали да инсистирам 2 да ми вратат или сепак докторот да си го слушам... уффф Јас колку што сум информирана 2 враќаат за да се фати 1 бидејќи близначка бременот е реткост.. само еден ако ми вратат и ако не се ,, фати,,? .....Совети, сугестии од вас
@monka_bonbonka Јас сум со едно вратено ембрионче, најтазе сум ти пример Едит. За тоа одлучуваа ембриологот и докторот, јас не се мешав.
Јас сум со едно вратено, едно фатено. Ивановски и Трајковски ми рекоа по најнови истражувања не е точно дека два ембриони зголемуваат шанси за имплантација. Може ме тешеле ама ете јас така знам
Прво да ти посакам успешно ивф од прва. Ти се јавиле дека ти замрзнале 5 јајце клетки неоплодени. Другите 6 им се во процес на оплодување. И јас имав одложен трансфер заради хиперстимулација и кај мене дел од јајце клетките оплодија дел смрзнаа веднаш како јајце клетки неоплодени. Сега ќе почнат да ти се јавуваат за тоа колку ембриончиња имаш и како се развиваат и ќе ти кажат колку на кој ден ќе замрзнат. Со среќа.
Да не мисли @mace89 на ембриончиња, не на јајце-клетки? Ако мислиш на ембриончиња, не се секирај, 5 не се малку. Мене околу 20 ј-к ми извадија на првото инвитро, исто од прилика како кај тебе се оплодија и на крај 4 останаа бластоцисти. Нека одмори организмот, да помине хиперстимулацијата и одморена ќе си ги земеш ембриончињата. Ти посакувам успех!