Мила имаат премногу работа и цело време е до докторот,јас така кога нема да ми се јави и праќам порака и ми одговара најчесто на крај од работно време,биди упорна
Дечки уште еден офф топик оф мене Како комбинирате летрозол со еутирокс Или нема врска ( за тој од сабајле прашувам) девојката во аптека не знаеше што да ми каже.
Еутирокс веднаш по станување и на гладно, па правам саат, саат и пол-два пауза без ништо, па пијам другото што треба на гладно. Летрозол на гладно ти рекоа? Не ми текнува дали го пиев после јадење или на гладно.
Јас те сфатив дека праша за комбинација Еутирокс-Летрозол. Затоа и одговорив да не ги пиеш заедно, со временско растојание да се пијат
Еутироксот и јас на гладно го пијам штом станам.па час најмалку пауза па потоа продолжувам со се др што е на список . Инаку јас летразол пиев два пати на ден,кога Трајковски го прашав дали треба пред или после јадење тој ми кажа дека тоа нема веза само да сум согласувала временски да биде одприлика се во ист период
Здраво девојче јас бев кај Лазаревски и тој за контакт ми даде негов мејл: slobodan.lazarevski@acibademsistina.mk Пиши му, ги гледа мејловите, кажи му го тел.бр. и тој веројатно ќе и' каже на сестрата да те запише или да ти ѕвони. Сепак мора да оди преку неа. Додека да почнете со инвитрото ќе имате проблем со контактот. Ама кога веќе сте во процедура се јавува без проблем. Тоа е наше искуство. Инаку, ние имаме успешно инвитро. Ти посакувам многу среќа и успех!
Девојки, Систина соработуваат со фондот? Јас собирам документи за ваучер и се мислам каде да одам во Плодност или Систина Браво да вродат со плод, со близнаци И јас ќе бидам за пункција кажи ми дали е болно, дали да се плашам ?
Да соработуваат. Јас бев во Плодност ама ти отиди си и кај двајцата на една консултација и ќе си одлучиш.
Ја најдов објавава на Инстаграм пред некое време и направив скриншот затоа што ме погоди во срце, колку е spot on напишано тоа што го чувствувам. По толку страдање и солзи, мислев дека кога ќе ги видам тие II сè ќе се заборави, кога ќе чуеме срценце, сè ќе пројде нагло, кога ќе се роди бебе, ќе биде како лошите години никогаш да не биле. Ама не, неплодноста е лузна што останува засекогаш, па макар и добил три дечиња на крај. Јас и маж ми засекогаш ќе бидеме 1in8, еден на секои осум пара што се бори со неплодност - никогаш нема да заборавам како е, никогаш нема да станам имуна на непромислени коментари, секогаш ќе се борам за заедницата што беше тука за мене во овие години и ќе се молам секоја жена да излезе од оваа борба со полни раце. Ве сакам сите; вие сте најсилните жени што постојат на овој свет и ништо нема да ве спречи да стигнете до целта. Имаше моменти кога бев подуена од хормони, изобличена во лице, уморна и на крај на живци, целата со модрици и подливи, здебелена, непознати мажи (доктори) ми чепкаа по најинтимните делови од телото, кажуваа работи што ме повредуваа, изразуваа неверие дека некогаш ќе станам мајка, ме врзуваа со каиши за метални кревети како некое животно, плачев секоја вечер во празна куќа, пиев цели шаки апчиња, дадовме којзнае колку пари, ми избушија дупки во стомакот, ми вадеа јајце клетки, ме успиваа, ми јавуваа лоши вести... Но на крајот само едно беше битно, Со маж ми вчера се погледнавме и рековме, Сè вредеше