Јас само него го пиев 14 дена па почнав да се боцкам со триптофан и плус апчињата ги пиев уште 6 дена
Девојки заврши моево лапаро хистеро денес и жално но вистинито и двата канали ми беа отстранати поради оток и воспаление матката ми е ок јајниците ми биле слаби но функционални доктор Зоран на ниво браво занего и тоа е тоа борбата останува за ивф здравје да одморам и нема откажување
Девојќи дали некоја правела скречинг на матка во њу борн? Ако може инфо за цена и дали е со целосна анестезија или не? Побрзо да закрепнеш Луни.. Какво откажување.. ќе си успееме!
побрзо закрепнување мила, биди силна. Се натажив сега кога те прочитав, ептен се соживеав со сите вас. И да останам бремена, некогаш, од оваа тема не си заминувам. Многу е битна поддршката
Некаде прочитав дека имало капсули брусницин на природна база , можеш да прашаш дали се добри за оваа бактерија .
Девојки каде сте правеле 4Д и како се цените? Мене ми рекоа дека нема потреба од HSG туку само 4Д е доволно. Има некој вакво искуство?
Жал ми е ама не е ништо страшно,со инвитро ќе си добиете бебуш,закрепни сега и со нови сили напред,ти кажав дека си во добри раце џабе се секираше,ти кажа докторот од што бил отокот и воспалението?
Zdravo zenski. Nekako uspeav da gi soberam site dokumenti, ve molam da mi kazete vo koja adresa da gi pustam . Utre planiram da gi pustam a ne znam kade. Vo fond za zdrastvo ili vo nekoja druga adresa Jas napraviv 4D vo opsta bolnica so upat od maticen ginekolog
Се носат лично документите во фондот за здравство, во твоја општина или во Скопје позади Мајка Тереза споменикот
И јас сум со истиот проблем веќе 9 месеци.Примав многу антибиотици и чаеви,вагиналети и природни препарати.Секс само со кондоми и чиста спермокултура-исчистено е кај сопругот. После вагиналети антибиотик моментално ставам бетадине вагиналети наутро и навечер кои треба 14 дена да ги ставам и пијам пробиотик.Ќе видиме дали ќе се среди за 10тина дена.Ако успеам ќе ти пишам.
Не е со анестезија, нема потреба, во ординација го прават, не во сала. Кратко трае, не е ништо страшно. Пострашно звучи отколку што е. За цена не сум сигурна, минатата година ова време правев, или беше 6000 или 10000, најдобро да прашаш таму. @Luni Ете помина, сега си голем чекор поблиску до бебе Брзо опоравување и следното ќе биде успешно, ќе видиш!
Побрзо опоравување и лесно да закрепнеш, мила, ова е голем чекор за вас. Одмори си ја душата па со нови сили да ја започнете новата борба за бебуш.
Мила патот е тежок но со секој поминат чекор си поблиску до целта.Сега барем знаеш каква ти е состојбата,одмори дади си време самата на себе и со нови сили да чекориш до целта.Се ќе биде во ред,имај позитивни мисли и не заборавај после дождот доаѓа сонце,кај нас малку подоцна ќе огрее сонцето но и прошетка по дождот има своја убавини и не прави посилни