Женичкииии. Сега ми јави мајка ми дека ми стигнал ваучерот, одобрено ама за со донор клетки. Имам право на жалба 8 дена од рокот на примање на ваучерот. Ве молам совет. Знам некој беше напишал дека треба писмо да се напише дека сакаш со свои јајце клетки, па ако може да ми се објасни постапката што и како, збунета сум, потресена..... Се размислувам и за таа опција со донор клетки. Во Систина соработувале со Унгарија. Незнам, докторот го немам консултирано да видам што како, ова само што ми испратиле од фондот. Јас лично би скала да пробам уште овој пат со мои јајце клетки. Пишете ми ваше мислење, совет, или членката која што имала ваква ситуацијата да ме упати .Ви пракам и ви благодарам однапред
Душо те читам од прегеска, немам вакво искуство, не ни знам искрено што да те советувам. Еве консултирај се со докторот, ако веќе мора да е донор дали тоа да биде блиска твоја, имаш поддршка од нас, со лесно
Ти благодарам мила на искрениот одговор. Знам дека една членка имаше ваква ситуација, ама не се секавам што превзела. Може ке ме прочита па ке пиши. Уф, многу ми е тешко едвај доседувам на работа. Докторот никогаш ми нема предложено ваква опција, како овие од фондот доагаат до вакви идеи незнам.
Ако имаш направено некоја друга интервенција хостероскопија лапароскопија тогаш не треба или ако сте со тежок машки фактор. Околу цените Систина 2500 Плодност 3000 Њу борн 1500 Ремедика мислам дека беше 2400 ама пред 2 години. Може да провериш и на државно таму е најефтино
Ако ти е прв ваучер ќе напишеш молба дека сакаш да пробаш барем еднаш со сопствени јајце клетки и ќе ти одобрат не се секирај
@Лаура82 можам ли икако ми е 3ти пат да напишам молба? Треба ли да биде нешто заведена на нотар или како обично писмо доставено само до фондот. Ххх
Ти благодарам мила на одговорот. И како да правам сега? Ова значи или да одам со постапка што тие ја предлагаат(донор клетки) или да се откажам, така му доага целата оваа ситуација. Се најдов во ќорсокак. Мм уште не знае на работа е , сама ги голтам солзите
Или ти е висок Фсх или низок Амх, јас сум така. Консултирај се со др за ивф, ќе те прегледа и ќе каже кои се шансите, може нешто се сменило. Добиваш или не добиваш менс, шанси со рејувенација. Поз
За Фсх, незнам колку ми е. Во документите ке треба да се провери ,а за Амх сега кога правев ми излезе 0,25. Редовен ми е циклусот на 28 дена. Незнам тогаш да го контактирам докторот преку е маил. Тој ако ми рече дека може да пробаме со мои јајце клетки ,како тогаш ке го користам ваучерот? (Нели ми е одобрен за со донор матерјал)Леле незнам
Не ти е лошо Амх, не знам на кој начин може да ти го признаат ваучерот, ваљда како ивф на природен циклус за да не плаќаш 1500 € на приватно. Иначе, тоа ти е втората варијанта.
побрзо закрепнување, се ќе биде во ред. јас ова го поминав пред 7 месеци, двата канала 100% запушени и следен пат што не чекаше беше ин витро. благодарение на д-р поповиќ денес влегов во 14та недела. ти посакувам за брзо време да ни соопштиш убави вести
Леле миличка ми даде малку светлина Ова варијанта со докторот ли треба да се договорам, да ми се признае ваучерот како за ИВФ на природен циклус? А терапија ке биде ли покриена со ваучерот. Извини прашањата може звучат лаички ама навистина не се разбирам многу и незнам на кои карти најдобро би играла. Фала ти од срце
Некој пишуваше претходно, јас стварно не знам кој др би се нафатил да ти кажам конкретно. Кај кого беше до сега? Јас бев кај Димитров, има успешни приказни кај него, еве другите ќе кажат. Пробај. Тоа зависи од докторот, ако сака да ти направи услуга.
Јас сум кај Лазаревски. Незнам тој дали би се нафатил, човекот не прави многу муабет незнам каков пристап да завземам. Како и да е ти благодарам многу. Знам секоја од нас ја мачат своите проблеми ама навистина значи многу барем за мене ,кога некој ке ти посвети внимание, ке ти даде мислење, ке оддели дел од своето време за да се сочувствува со твојот проблем. Сите не можеме, не знаеме, не сме искусиле ама она што можеме, знаеме ,сме искусиле, бесценето е кога ке го споделиме.
АМХ не ти е трагично, добиваш на 28 дена, имаш големи надежи не се откажувај - јас уште би пробувала со свои на твое место. Јас и @ocicka2014 сме ти доказ дека може да има успешна бременост со висок ФСХ и низок АМХ. Не сте во можност со свои средства да пробате ако не ви одобрат поинаку?
Сега го читам ова па да додадам. Мислам дека Трајковски во ЊуБорн ќе се нафати - очигледно е спасител на ваквите како нас од кои другите креваат раце. Ангел доктор.
Девојки за ваучер добри ли се хормониве? Чудо но овој пролактинов секој пат се повисок иако во рамки на границава а читав во др тема за ифв да е докај 15