Ribolovka jas imam 33 i amh 0.8 pred dve godini,sega mozda i pomalce.Mislis deka imam sansi za vaucer?
Malce sum uste pod stres i kazuvam samo toa sto me maci da ne bese embrioskopijata ke mi vratea embrion so genetska greska i sigurno ke imav spontan, vaka bar od toa sum postedena
Незнам, дали е само таму. Јас читав за таму, на друго место не проверив Жал ми е, немора да ми одговараш тогашти кога ќе бидеш спремна, сега смири се и следниот пат ќе биде се во ред
Да, тие правеа ивф пред нас што од прва беше успешно и со оглед на исходот се одлучивме и ние. Кај нас од двете што се оплодија, едното беше со неправилна делба и зголемен број на хромозоми, што мислам дека инаку не би се видело тоа,а за жал, спонтан абортус со таков вратен ембрион е и повеќе од веројатен.
450€ мислам дека плативме за тоа. Ова беше во април месец годинава, не знам дали од тогаш има промена во цената.
Јас ги пиев до да ми стигне. На прв ден од менструација да прекинам. Ама ми спомнаа дека после трансфер ќе ги пијам ама сега за сега толку. Прашај најдобро.
Ауу другите кратенки не ги знам што се, дотолку не сум нашла. За ембриоскоп читав дека е посовремен инкубатор каде не се вадат оплодените ембриони секој ден, туку компјутерски ги гледат, за да се избегне механичко оштетување при ракување секој ден и оптимални услови внатре за ембрионите без надворешни влијанија. За другите две незнам, ако знае некој, нека пише
Фала Алишан. Другите две се предимплантациска дијагностика на ембрионите. Ги чекаат да дојдат до бластоцисти и се прави биопсија на ембрионот да се види дали има генетски абнормалности
Да баш така, и јас истражував за ова по интернет. Колку што сватив ПГД прават во случај на наследни генетски болести (на пример медитеранска анемија, односно таласемија) и др.наследни болести. ПГС се прави во случај на хромозомски абнормалности, кај повозрасни жени каде што при делба на ембрионот не доагја до правилно распоредување на хромозомите или кога сопружниците имаат проблем во кариотипот. Искрено не знам, јас пред три години имав амх 1,17, ми одобрија без проблем ваучер два пати, не ми ни побараа амх, доволно беше што фсх беше во граница на нормалата, тогаш ми беше 12. Сега после три години амх ми е паднато на 0,31, и некако ми е страв да поднесам за ваучер, сигурно само со донирани јајце клетки ке ми одобрат, така ми рече и докторот. Кога бев во Систина на консултации, сакав за ин витро на природен циклус, докторот кога ми ги виде годините веднаш почна да ми нуди јајце клетки, без да ме прегледа и да ја види мојата состојба. Искрено се осетив ко на пазар, 8 јајце клетки во Систина биле 4000 евра + другите трошоци. Вели дека над 40 години као единствено решение биле донирани јајце клетки. Ти си друг случај, имаш 33 години и навистина амх ти е низок, ама кај тебе резервите што ги имаш, иако се малку, се со подобар квалитет, и би требало да ти одобрат ваучер со сопствен материјал.
Тој што има ваучер може да го искористи таму а тие што немаат веќе ваучери ќе плаќаат приватно ама цената ќе биде само за потрошен материјал и не како по приватниве клиники. Пример за пункција имаат потреба од игла со која ја прават пункцијата и таа коштала 6000 ден. За споредба пункција во Њу борн е 1200 еур. Плаќањето е на крај ако се дојде до трансфер и само за потрошениот материјал зависно од тоа што се правело. Беше ли кај докторот, ти даде ли насока за понатаму? Од кај знае Таше само врз основа на ембриоскопија дека ембрионот бил со генетска грешка? Ако му е замрзнат ембрионот и го чуваат уште, барај до 5 ден да го развијат и да ти го вратат. Што значи неправилна делба? Колку клеточен беше на 3 ден? Поспоро се делеше? Зголемениот број на хромозоми како го видоа ? Јас колку што знам Плодност не прават ПГД .
Ембриоскопија ( таим лапс) методата овозможува континуорано следење на ембрионите без нивно вадење значи компјутерски и индиректно покажува дали ембрионот има некој хромозомски абнормалности о ембриолозите на секој 5 минути добиваат слика нас така убаво ни беше објаснето
И моите се лоши а јас и пушам плус Таше мн ме караше а плус па сега од нервоза уште повеќе немам правено хсг ни инсеминации ама ќе поднесам па што биде. Леле мајко ако така брзо паѓа амх и мене сега кој знае колку ми е ама се е божја волја до некаде , братучетка ми проба ИВФ и исто како мене и рекоа дека има мн лоши јајце клетки не и ги трансферираа,за месец остана природно на 37 год. Само верба (иако некогаш ја губам) и се ќе биде во ред
Не секирај мила. Верба во Бога и ќе биде. Јас ако инав 24 години моите јајници произведоја само 5 ј.к од кои 3 не пораснаа. На пункција ги извадоја сите 5 3 беа празни 2 се оплодија едната не се делеше правилно остана едно ембрионче и сега уште малку ќе го фане 9 м како расте во мешето на мама.
Не е замрзнат веќе почнал да се распаѓа а чекаа до пети ден ама ништо. Како што некој имаше пишано тие не го отвараат инкубаторот туку компјутерски им пишува. Вчера бевме во Плодност и ми објаснија дека спонтан бил неизбежен а дури и да се истуркала бременоста бебето немало да е во ред. А иначе кога се јавив на трет ден ми рекоа оплодена е ама заостанува со раст,па ја чекаа до пети ден ама џабе