Ембриоскопијата може да асоцира ама не и да кажува со точност за хромозомски грешки. Во Турција сегде користат ембриоскопија а јас правев и генетско испитување PGT NGS метод. Ембрионот што споро се развиваше и изгледаше просечно беше нормален а тие што изгледаа одлично морфолошки со ембриоскопија и со делба излегоа генетски лоши.
Епа јас ти кажувам за овде и нас како ни беше кажано и од страна на докторот и од страна на ембриологот. Исто познавам многу успешни приказни со помош на ембриоскопијата. Пак ќе кажам се е Божја волја
Да, вистина се е во божји раце, и потребна е верба, понекогаш се случува од најневозможен случај да дојде до бременост, а некогаш каде што според докторите се е во ред, не се случува ништо. И јас често губам и волја и верба и многу психички пагјам, но тоа е, тие се нормални реакции според ситуацијата во која моментално сме. Можеби кај тебе побавно пагја амх, ти си сепак десетина години помлада од мене. А за цигарите и јас би те искарала. Јас си реков дека ке направам се што е во моја можност, внимавам на исхраната, гледам да сум повеке на чист воздух, дури и од работа напуштив, зошто одев нокни смени и ми беше нарушен биоритамот. Би требало да ги оставиш цигарите, штом и Таше те кара, значи навистина пречат при забременување. Со срека душо, па како е Господ никој не е, белки и нашите раце ке се наполнат со дечиња . А за ваучер, собирај документи, и така треба пауза да правиш после неуспешно ин витро. Секако ке ти одобрат.
Не ја оспорувам ембриоскопијата затоа во странство сегде се користи, се што барем минимално ја подобрува процедурата треба да се користи. Ембриоскопот го намалува ризикот од повредување на ембрионите кога пр. два пати ќе се извадат за да се види развојот а таа веројатност во проценти не се знае колкава е, а овозможува и подобра селекција на ембриони кога има повеќе ембриони па се селектира врз основа на делбата кој прв ќе се врати. Ама кога станува збор за еден ембрион како кај пациентката па уште и poor responder тој еден ембрион за нејзе е и те како вреден и не може да се каже во тек на негова делба дека не може да се врати. Затоа ја прашав зошто така и кажале многу малце информации напиша дали имало прерипување во делба, дали имало претходни спонтани итн. не се знае историјата. Исто дека баш со помош на ембриоскопијата била успешна приказната е мн тешко да се каже бидејќи мн фактори влијаат: антрални фоликули и нивен квалитет во тој месец, погоден имплантациски прозорец, имунолошки фактори, кортизол, стрес, спојувањето со сперматозоидите што се случило итн итн. Тоа што заостанувал во развојот не е проблем, проблем е што изгледа на 4 ден се случило ,, arrested,, иначе ако стигнел до 5, 6 па и до 7 ден ги чекаат, требало да се врати според мене бидејќи ембрионите имаат моќ и за самокорекција особено ако се мозаицизми па и абнормални. Читам тука дека Таше им кажал на 2 пациентки дека имаат хромозомски грешки врз основа на ембриоскоп а имале само 2 ј.клетки. Барајте да ги остават ембрионите да се развиваат до стадиум на бластоциста без разлика дали е тоа 5,6, 7 ден (со 7 ден имаат најмалку шанси за успех). Ако се развијат до бластоциста барајте враќање без разлика на делбата ако имате малце ембриони и немате претходни абортуси.Ако има можност за селекција и повеќе ембриони секако ќе се селектират и вратат прво тие со најправилна делба. Не е точно дека спонтан бил неизбежен, најголема е веројатноста воопшто да не се имлантира бидејќи ако не бил во ред самата матка ќе го отфрлела, потоа следи како веројатност биохемиска бременост па потоа тек ран спонтан до 12 недела итн.
Ako bavno se razviva trebalo da ti go vratat na 3den zasto vo matkata ima moznost da se razvie normalno. Ama sekoj doktor so svoj stav, nas samo Gospod da ni se smiluva i majki da ne napravi.
И јас одам трета смена, и мн ми е криво што цел процес го поминав на работа, требаше да си земам боледување ама ум за др пат. За цигарите ветив дека во најскоро ги оставам ама не можам наеднаш.А во однос на исхраната на што да обратам внимание, има храна која го подобрува квалитетот на ј.клетките. јас засега пијам само q10. Uf ne z Уф мила кој да знае, мислиш таму објаснуваат. А и прв пат ми е ништо не знам како велат така правам. Инаку сум немала абортус до сега. Точно вака беше, ден после пункција една беше оплодена една не, вторник беше. Средата ми кажаа дека нема промени а четвртокот дека веќе се распаѓало јадрото или така нешто, не можев ни да слушам бидејќи и светов ми се распадна мислиш дека не направиле се што можеле? Што значи арестед. Изгледа е така како што кажуваш, во извештајот пишува дека постапката се прекинала на 4 ден. Гледам дека си мн информирана па ако не ти е тешко малце да ми подобјасниш.
Ne ne, ne mislev taka. Jas mislev deka se razvivale do 3 den. Kaj mene bese den posle punkcija se oplodija 2,sredata dvete se razvivaa pobavno, cetvrtokot ednoto si prodolzi so razvivanje drugoto si ostana na isto.
Средата ти кажале дека ,,нема промени" не знам на што мислеле може да значи дека не се делел и си останало на тоа ниво и неможеле ништо да направат.
Овде сум срц. Фала Жива здрава права и весела Не пишувам овде , но редовно читам. Немам што да кажам веќе. Јас веќе кренав раце од све ова. Ми треба одмор, ама долг одмор. Направив све што можеше и што беше до мене. Не бива и не бива! Нека одлучи дедо боже што и како со нас Честитки до сите новопечени трудници. На оние кои се во постапка им посакувам успех. Бидете силни Поздрав девојчиња и гушкајте се. Љубовта секогаш победува
Мене нокните смени многу неповолно ми влијаат на организмот, посебно што имам вродена анемија а со тоа и послаб имунитет. Само како пример да истакнам дека додека работев, кога правев испитувања на имунологија антителота за кардиоваскуларни заболувања ми беа за 4ипол пати поголеми од нормалното, кога напуштив и проверив после една година, се беше во граница на нормала. Но тоа не значи дека сите што работат во смени го имаат истиот проблем, се зависи од отпорноста на организмот. Следниот пат најубаво земи си боледување, барем тој период да ти се среди биоритамот. Што се однесува на исхраната сигурно си читала, препорачливо е да се избегаваат производи од бело брашно и шекер, да се јаде повеке зеленчук, овошје, риба, протеини.... За цигарите те , да дадеме се од себе да го промениме тоа што можеме, другото е во рацете на дедо боже .
Милаа   често помислував на тебе морав да прашам, жал ми е баш што не успеа и овој пат ако ти е тешко не пишувај бидете среќни колку што можете баш како што кажа,еден е животот да го живееме бог како го одредил иако не е фер некогаш
Сакам да Ви кажам дека го правев моето трето ин витро имаше една јајце клетка се оплоди добар ендометриум на трет ден направија трансфер и на крај заврши со негативна бета. Но тоа продолжувам понатаму сакам да прашам дали некој бил во Прага е како е задоволен од таму?
Да на 3 ден. Нормални ми биле до сега. Освен тсх јас со тоа мака мачам. Ама ова сериозно е, што значи? Би ми одобриле ли ваучер?
Во граници е, мислам дека би ти одобриле. Но до инвитрото обиди се да го спуштиш, знам дека со суви смокви во маслиново успешно го спуштаа многу жени од форумов. Подобри ја исхраната, земи од смоквиве за да се подобри квалитетот на јајце-клетките, намали цигари ако пушиш, исфрли благо и бело брашно. Пиј Q10, витамин Е, витамин Ц, селен, цинк. Почни уште веднаш. Нека додаде некоја уште нешто ако заборавив.
Zenski ke moze li nekoja da mi objasni razlika pomegu kratok i dolg protokol, kako vo samata postapka taka i vo cena. Zasto nekako mi stoi deka po kratok protokol pomali se sansite ili se lazam. Aj ve molam nekoja da objasni. I dali sami birate, bidejki mene mi kazaa deka po kratok ne me prasaa sto sakam