офф мила за ефектот не прашувај за мене нема некоја драстчна промена во квалитетот на ј. к но кај маж ми многу помогнаа тој имаше тератозоспермија само 3 % нормални е сега после цело тегло од 40 суви смокви изедени и тегло јатки со мед ги пиеше и Condenzyl сега има нормозоспермија 9% нормални значи за пола година кај него голема разлика
Прашањево не е за тука ,но овде ке добијам одговор. Дали се сменети неофолик мета апчињата? Ми донесоа од Бг но сега се бели апчињата,и кутијата е малку изменета но си стои исто Neofolic Meta. Да ми каже некој што и старите ги користел.
Другарки да ве прашам нешто,дали имате проблем со спермограми во вашите градови во приватни лабаратории,кај нас веќе не ги работат повеќе,по закон морало да имаат патолог,уште овие компликации фалеа.
Ние во август го правевме последниот во ремедика немаше проблем. Провери прашај во повеќе лабаратории каде што сте правеле до сега. Авицена имате ли ?
Не сме од Ск тоа е проблемот,сега фалеше уште и за спермограм да мораме да одиме до таму,секаде каде што прават ин витро им гледале низ прсти за спермограмите,ама по другиве лабаратории им правеле проблем,барем кај нас така затоа прашувам за по другиве градови.
Кај нас има 4-5 приватни лабаратории. Ниту една не го испитува материјалот. Сите го праќаат во Ск, во Авицена, Синлаб... Ваљда и кај вас праќаат во Скопје. Прашај
Да, да. Правевме и ние сè до скоро кога собирав документи за втор ваучер, почеток на февруари беше од прилика. Одам со сперма во чаша и викаат не правиме веќе спермограм, само спермокултура. Па ајде трчавме во Систина.
Аааа е тоа незнаев, можеби заради истава причина се работи @Stressed Out што пишува. Оли аут оф топик... прашањево.. .Зашто поднесуваше за 2 ваучер кога имаше замрзнато од првиот? Ме интересира чисто информативно... за да знам кои опции ги имам за понатака.. ЕДИТ пошто од првово сакам да замрзнам за да не се малтретирам не дај боже пак ако треба или евентуално за второ дете... многу долгорочно размишљам да сме здрави и живи само
Да ти кажам право, две работи ми се вртеа во памет. Прво, некако полесно ми беше кога ќе беше неуспешно, а знам дека имам замрзнати и не мора да чекам 6 месеци за ново инвитро, во меѓувреме правевме трансфер. Барав да се посебно замрзнати за да имаме ембриони за повеќе обиди. Второ, сметав дека треба да искористам побрзо поради годините да извадиме подобри јајце-клетки, си мислев подобра ќе е ситуацијата на 38 отколку на 39, 40, 41 години. Не знаев кога ќе успееме, па демек за секој случај. Се надевам дека оваа бременост ќе биде како што треба, а ако сакаме второ, подобри ќе се јајце-клетките сега кога имам 38 отколку кога ќе имам 41-42 години. Некако посигурно се осеќав вака, а секако беше поминато 1 година од првото инвитро и затоа така одлучивме со мм да поднесеме за втор ваучер.
Не откачија,едноставно не ги работеле веќе,не вервам дека ги праќаа во Скопје,истиот ден земавме резултати.
Не верувам ни јас дека ги праќале во Скопје, материјалот не смее да стои повеќе од 30 мин за обработка. Туку да прашаш во други лабаратории или приватна клиника некоја не може да не прават, од кој град си ?
Од Охрид сум,не прават нигде сега,најверојатно ги затегнале заради патологот,еднаш направивме на државно и беше смешен со 3 параметри,не го рачунам ни за спермограм тоа.