Последните резултати ми се од пред 7 мес па сигурно прво ќе сака крв нови да правеме па да бидеме што и како.А не сум од Ск па малку ми е ризик без упат да идам
https://www.mojnutricionist.mk/нутриционизам/диететика/исхрана-кај-дијабетичари Одприлика е ова, колку можеш да се придржуваш толку. Како и да е оди пак на доктор штом нема ефект, консултирај се и околку исхрава да не глумиме доктори сами по себе..
Докторот ако сака, може итен упат да ти даде за нова проверка на крвта, негов пациент си. Но штом не си од Скопје, со право не ти се ризикува.
Ај да си кажам за мене. Пред трансфер и по трансфер, а и сега: - месо: печено или динстано телешко и свинско (каре или филе), пилешко не; - јајца: варени и печени; - риба: само пастрмка на скара; - зеленчук: периодот беше таков, јадев само патлиџани, потоа воведов зелка, морков, цвекло; - овошје: банана, праска, слива, круша, јаболко (2-3 овошки на ден); - тесто: само за доручек потпечен тонус намачкан со путер или некој намаз (авокадо, домашни растителни намази, ајвар); - млечни производи: сирење во ограничени количини, а од трансфер почнав да јадам грчки јогурт по 100-150 гр дневно; - благи работи: општо не јадам, па не беше тешко да не внесувам вакви шеќери; - пијалаци: само лимонада сабајлечки со лажица маслиново масло, вода преку цел ден (2-3 литри), кафе варев ептен слабо првите два дена, а после ми се одмили и прекинав да пијам, какао. На дневно ниво гледав да е разновидно, од сè да избалансирам иако ми беше напорно јадењето, апетитот ми беше катастрофа. Генерално, се препорачува протеинска исхрана, течности, свежо овошје, свеж зеленчук, јаткасти непечени.
Женички јас целата сум растресена.... Ми доцни 12 дена бев сега кај матичен за да ми даде апчиња за да добијам бидејќи брзам со иуи другите испитувања ми важат уште месец ипол,а треба да пракам за ваучер. Ииииии замислете ми кажа дека е можно да сум останала бремена ми покажа на монитор јасно и јас самата видов точкичка,очите ми се насолзија и јас упорна викам не е можно 9 год пробување,3 иуи и ништо е викам нема шанси плус и овој месец бевме најмалку активни и фул опуштени не ни помисливме за да биде бебе и ми вика кога не се надеваше бидува.И јас повторно а да не е нешто лошо циста тумор абе се збркав,и книшката си ја заборавив кај сестрата па ајде се враќав абе смешки Ми даде упат да одам утре за бета и да и се јавам...Незнам како ќе ја поминам вечерва и се плашам од негативен резултат... Сега ќе се јавам на мм кога ке се враќа од работа да ми купи тест до утре неможе срце јуначко да издржи
А бе какво до утре, прави денес тест И да ни објавиш слика!!! Навивам за две црти!!! Штом видела на ехо, тоа е тоа
Мм си доага уште малку му порачав да ми зема...се плашам да не е негативен охх мојата душа овие 9год што не помина
Aaaaaaaaaa me naezi zenooo ajde pravi test neka e pozitiven! Daj ni nadez ovde, vleci noga i veruvaj vo cuda jas denes bas si rekov kakvo cudo denes ke vidam i od srce posakuvam ti da si toa cudo
E моето такво чудо за 3 дена прави 3ипол годинки, во месец кога кревав тешко како луда, возев по 20км на ден со точак, дома реновирање, дигање, поплава, хаос на работа на која тој месец почнав тек, абе лудило, кога се сетив дека сепак е можно исто вака бев потресена, кога видов 2 цртички плачев како луда. 2ипол години ништо, тој септември ми беше како во сон!
Мила штом се видело на ехо, тоа е тоа , ајде стискаме палци, утре бетата да биде во ред . @0ли извини не разбрав, какао пиеше или не? И уште појасни ми кој е тој "грчки јогурт"? Сите го спомнуваат дека го јадат за време на диети, а јас појма немам што е тоа .
Да, да, пијам какао, варам едно лажиче на ден без шеќер. Грчкиот јогурт го купувам во Тинекс, од Олимпус (мислам дека така се викаше фирмата), тој ми е највкусен, пишува на него дека е богат со протеини. Но внимавај, од истиот има и лајт верзија. Во пакувања по 150 гр е. Би требало да го има и во други маркети, но не сум го барала на друго место. Не е како кисело млеко, не е како павлака, некако кремаста структура има, малку киселкаст вкус. Земи го за проба, можеби ќе ти се допадне.
Женички не ми се верува, после 9години!!!! Од нигде никаде природно си останав бремена...Му благодарам на Бога што од фонд не ми одобрија ваучер и што ми побараа дополнителни документи.... На сите ви ја посакувам оваа радост....кога најмалку се надеваше Бог прака чудо!!!