Прво сакам да ги замолам админите ако не сум за во оваа група да го префрлат мојот пост во соодветна група. Здраво девојки, прв пат пишувам во оваа група зошто кога се зачленив на форумов бев веќе бремена и пишував во другите групи... мојата долга приказна кратко ќе ја опишам со тоа што останав бремена со замрзнато ембрионче од првото инвитро и ги видов најубавите две цртки во животот. Кога ја направив првата бета на 12 ден после трансфер беше прениска 29,1 која за док беше и безнадежна, но моето ембрионче не се откажуваше па бетата секој втор ден се триплираше така што веќе 6 недела го слушнав срценцето и не можам да ја опишам среќата... Поради конизација пред 10 г. немав цервикс воопшто така што како би го износила бебенцето нужно беше ставање на трансабдоминален серклаж во 13 недела од бременоста веднаш откако натива тестот покажа дека нема никакви хромозомски аномалии и даун, како и дека носам машко бебенце... напредни бевме една недела понапред, но за жал после два месеца од операцијата односно во 21 недела и еден ден се случи разочарување со пукање на водењак и во 21 недела и 5 дена јас морав со царски рез да го родам моето бебенце. За траумата нема да пишувам овде зошто мислам дека групава треба да е позитивна и затоа само на сите идни мајки им предлагам чести контролни брисеви и уринокултура, избегнувајте стрес и одмарајте премногу... од мојот спонтан абортус поминати се само 5 дена и штом решив овде да се обратам можете да замислите колкава е желбата за бебе, кога и во најголемиот непребол јас размислувам за следна бременост. Сега сакам да ги замолам сите членки кои минале низ слично искуство да ме советуваат што направиле од испитувања зошто кај мене немаше друг проблем и си имав уредна бременост освен прерано пукање на водењакот. За колку време од абортусот со царски рез можам да размислувам за ново инвитро и какви се вашите искуства.
Zdtavo devojki, denes mi e 13 den od transfer i betaHCG mi e 2026, a D-dimeri mi se 3490 pocinam od denes da si bickam so Fraxiparine dva pati na den. Nekoj vakvo iskustvo?
@Veki4kaa Лелееее убаво девојче каква вест Честитки од срце, сега уживај во бременоста и чекај за некој месец да си гушкаш најубаво бебче @Milicka* Лелеееее Супер е бебе, опушти се и почни да уживаш @AnaAnaBanana Најдобро ќе се исконсултираш со др за колку време би планирала наредна бременост. Но бидејќи си инф и пожелно е сите ризик фактори да ги елиминираш, по 2г од овој би требало да е наредниот царски/пораѓај. Ти ја сваќам желбата повторно да си бремена, што побрзо и мислиш дека овој кошмар и болка полесно ќе помине, но дај си време. Ниту си спремна, ниту организмот ти е спремен. За жал сега е време на плачење, тагување, бес, соочување, дај си време, дозволи сите овие фази да поминат, не се затварај во себе, споделувај, ме радува што и си пишала тука, тоа е огромен чекор и не се враќај назад Испитувања кои.. Како што кажуваш во твојот случај цервиксот е "проблем" , убаво си пишала несмее да се има инфекции, треба многу мирување, спокој и најбитно и многу среќа Впрочем ти знаеш што треба, но овој пат тоа не сакало да биде, здравје наредното со повеќе искуство и претпазливост ќе успееш да го износиш бебчето. Добро знаеш колку се ризични тие зафати и колку посветеност треба, но за жал некогаш не е до никој Ќе ја означам @podravka она може ќе ти пише нешто конкретно, имаше слична мака и успеа да роди преубава принцеза во 32ра недела мислам беше, нејзиниот херој беше Ивановски Глава горе, не си сама
Многу ми е жал што го читам ова, но секоја чест на храброста што пиша овде Не сум минала низ исто ниту слично искуство но мислам дека матичниот а и докторот што те водел ќе ти советуваат. Се прават обично генетски испитувања, можеби понекое на имунологија но секако во ману За понатаму првичен совет е да поминат најмалку 6 -9 месеци за следна бременост. Како и да е најдобро со гинеколозите Се надевам дека ќе бидат емпатични со оглед на се што си прошла Главата горе и позитивни мисли, посети си и психолог или психотерапевт, ќе поминеш полесно низ цел овој процес
Од колку Фраксипарин ќе боцкаш? Кај кој др идеш и каде провери? Контрола за колку време ти закажаа? Обавезно провери ги пак, уште денес, утре, најдобро ако можеш на исто место, но и на друго, сепак провери пак. Високи се, но боцкај се редовно и уредно, никако не отстапувај со временскиот рок од една до друга, шеткај, раздвижувај се, никако постојано лежење, пиј многу вода и обавезно контрола за 7дена! Ќе се среди, само без паника
Ејј супер мила, е нзнаев дека почна со постапка пак, честитки дајбоже да биди се во ред до крај, се израдував стварно како за своја среќа, ајде нека не има само со позитивни резултати ете успеа гледаш за девет месеци со бебче во раце те гушкам
Ти благодарам на подршката и на разбирањето... знам дека време секако мора да помине, за јас пред се, да преболам и прифатам дека го изгубив моето прво бебенце, но надеж гледам само во ангажирање околу нова постапка... се што пиша од периодот на обжалување е мое секојдневие, но знам дека нема да се откажам од нови обиди и дај Боже други бебенца на кои ќе се радувам
Девојки, дали случајно после трансфер следуваат законски слободни денови или сепак треба да се отвори боледување ? Се обидов во законот за работни односи да побарам, но не се снајдов баш. Математичар сум по професија па не ме бива за правни работи
Имаш поддршка од сите нас! Сочувствуваме со твојата ситуација, не си сама, тоа имај го на ум. Секое лошо за добро е и навистина е така. Едноставно друго јуначе е за тебе! Глава горе, почни си со испитувања на имунологија, трансфузиологија доколку не си ги направила и кариотип доколку се е во ред консултирај се со 2-3ца доктори околи серклажот и цервиксот и терај си понатаму позитивно. ЕДИТ Претпоставувам хсг имаш направено ?
Провери и на друго место! Откажување нема, еден пораз не е цела војна, но некои работи мораат да поминат. Кога ќе станеш наутро еден ден и кога без обжалување ќе помислиш на бебето и на се што си поминала, ќе знаеш дека си спремна. Не, ништо нема да помине, но тогаш ќе знаеш дека си подготвена за нова битка, тогаш веќе си научила да живееш со тоа. И мораш да сватиш дека една загуба со нова радост не се лечи, така да нова бременост нема да ти донесе спокој За жал знам како е, се сум поминала и без да кажеш се ми е јасно.. Но еве до мене едно сонце грее и ми спие на меше, цврсто ме држи со рачињата за да не му побегнам. Значи надежта не смее да умре, сонце ќе грее, но за се треба време
Не следуваат. Но може матичниот да ти даде 2недели или ако веќе ти дал, со извештај од др каде си правела инф и доле нека пишува препорака за мирување, комисијата ќе ти даде уште 15дена без проблем.
само за мене. Генетско испитување за тромбофилија. Тоа ми препорача докторот, а цело време се мислам што уште би било добро да испитам после спонтан?
Mila zal mi e za tvojata zaguba jas nemam iskustvo kako tvoeto megutoa i jas rodiv so carski rez I mi rekoa za naredna bremenost da pocekam edna godina
На 11 ден бета 2000 близнаци а цела бременост високи д димери почесто контрола на 2 или 3 недели трансфузиолог.Јас се боцкав со клексан 0.4 по 2 на ден па фраксипарин 0.8.Со среќа и со лесно.Мислам дека д димери до 4 месец треба да се до 2000 во бременост.