Нема врска,откако ги прекинуваш за некој ден треба да добиеш 3- 4 дена...реши кога ќе правиш ново инвитро?
Па највероватно декември само го чекам ваучерот па ке се консултирам со докторот сакам да одам кај Лазаревски во Систина прво да видеме тој што ке каже некое мислење од него кај него не сум била па здравје...
Девојки денес конечно поднесовме документи. Се надевам на што побрз одговор Ни рекоа за две недели да очекуваме да не известат или да ги контактираме. Вие што имате добиено веќе ваучер, како ве известија на домашна адреса ви стигна известување или на телефон?
Дали имате број од Младен Ристевски од Чаир или меил или кога има амбуланта.Мили мои 6 год борба со неплодност биохемиска бременост,бременост со мисед аборт,киретажа плус трансфузиолошки проблеми.Ризик од тромбоза и на крај бременост од второ ин витро близнаци одвај до 35 недела со многу анализи и терапии и се заврши се во ред.Посче година дена мене тестот денес ми е позитивен.Со еден јајник,јајце клетки со лош квалитет и без подготовка и терапија јас сум бремена.Тест земав онака кога видов 2 цртки а долги години сакав да ги видам незнаев кај сум.
Девојки дали некоја од вас ги имала следниве симптоми и каков и бил исходот, ве молам одговорете ми. Деновите после пункција чувствував јака болка при уринирање која се смири сама од себе до трансферот. Денес на 5 ти ден од трансфер повторно ми се враќа истата болка во долниот абдомен. Други симптоми освен подуеност од прогестеронот немам. Што би можело да биде?
Мила,јас мојот ваучер го зедов јуни месец после месец дена чекање,прво ме известија по маил дека ми е одобрен а после тоа јас отидов лично да си го земам од кај Мајка Тереза за да не ми се изгуби по патот.После 2 недели би можела и да се јавиш да прашаш.Ти посакувам успех во целата постапка и да се радуваш за брзо време Мила,честитки,вакви изненадувања и нас не' чинат посилни и ни даваат мотивација за понатамошна борба.Радувај се на чудото и со лесно да си ја износиш бременоста до крај!!!
Тоа може да е добар знак! @Маја Т Мене по мејл не ме известувале за ништо, не знам зошто Можеби бидејќи им се јавував по телефон, не знам. Не ги ни дочекав дома да ми стасаат, двата си ги зедов лично Ајде што побрзо да одобрат! @anitka-fifa Таму остава, најтазе да е
Фала Оли, мислам дека и јас нема да ги дочекам, уште сега сум нетрпелива па ќе ги барам веднаш штом поминат два недели.