Чајот го нарачав од еден човек од Битола по препорака на monka bonbonka, за лечење на бактерии.Човекот ми го испрати по карго во Ск.Неколку месеци се мачев со бактерии, испив еден куп антибиотици, ама ништо.Го пиев чајот, пиев Лактогин и користев Бетадине вагиналети и за месец немав ништо.Ако ти треба можам да ти дадам број од човекот?
Чајот е фантастичен ни мене не ми се веруваше ... затоа и го препорачувам. Многу ми е драго дека ти помогна и тебе
Девојки после хистеро-лапаро ми дадоа циклопрогинова и естрофем...кога ги читам упатствата малку шубе ме фаќа али што е тоа е. Искуства некој со оваа терапија?
Го нарачав од еден човек од Битола благодарение на една членка тука.Искрено незнам што состав е, ама важно ми помогна.Ти пишав контакт во порака.
Ми извадија 19 јајце клетки и тие денови ми беше јасно од каде е таа болка ама до трансферот се смири и сега еве пет дена после трансфер повторно ја чувствувам, како да ми се притиснати органите внатре.