Може да се вратат симптомите на хипер ако дошло до бременост, се зголемува ХЦГ. Пуштам среќа да е од тоа! Пиј многу, многу течности и јади протеинска храна. Ако станат неподносливи симптомите, ако се надуеш, ако ти се гади, ќе одиш на дежурен. Само не паничи, може ништо од ова да не осеќаш, но следи ја ситуацијата.
Нормално е што си имала болка,кај мене извадија 7 па имав болки пред пункција.И јас со денови го имав истото чувство како некој да ми ги разместувал органите...Имам блиска пријателка и нејзе исто и извадија 19 јајце клетки (во друга држава)ама трасферот го направија после два добиени циклуси.Ја оставија 2 месеци да си добие,да се стабилизира и да го ослободи целиот организам од сите хормони.Немој само да си правиш стресови,ако мислиш дека стварно има простор за паника,ѕвони во болницата.барај некој одговор.
Девојки се договорив со докторот да ја започнеме процедурата за ифв , на 2 ден од менс да одам а претходниот ден да си извадам упат од матичен гиниколог . Е сега од возбудена не прашав што точно покрива фондот со ваучерот , дали тие испитувања на хормони и прегледите си ги плаќаме сами ,?Јас ќе правам ивф кај д-р Таше во Плодност.
Фала ти Оли, болките ги нема денес, смирено е и јас се фаќам како давеник за сламка за секој симптом.
Во овие two weeks waiting полесно ми е ако ме боли нешто отколку мирно да е се.Фала за советот ми значи многу.
Јас правев ивф во плодност ваучерот опфака трипати ехо, три пати испитувања на хормони пункцијата и трансферот а инекциите доколку се прекорачаат се доплаќа на крајот од трансфер јас доплатив се на се околу 20 000 ден вкупно отприлика. Среќно со постапката...
So lesno da ti e postapkata . I jas definitvno odluciv kaj Dr. TASE plodnost. Bev na konsultacii denes kaj Trajkovski ama se razocarav. A kazi mi te molam tvojot ginekolog razgovarase so tase ili ti sama
Сама јас ... а во меѓувррме кога отидов кај матичната за упат да прашам ме разочара со нејзиното дрско однесување ....