Лелеее. И ти ли друшке? Едно е да речеш дека влошките можда ти помогнале да ја излечиш бактеријата , ама дека благодарение на нив си останала бремена?! Извини , ама морав да пишам
Бубе што да речам, 2ипол години ги направив сите можни испитувања, само бактерија ме тиштеше. Со ништо не ја излечив буквално, со нив ја излечив и останав бремена. Ете нека е случајност бременоста, ама бактеријата која со ниеден антибиотик не се лечеше ја излечи.
A vo meguvreme dodeka gi koristese proizvodite od Tiande bese li na nekoja terapija plus? Jas imam pozitivno iskustvo so vloskite za cin1
Не, од многу антибиотици имав страшна кандида а еширихијата не ми се излечи. За 10 дена кандидата ја излечив, после за месец дена еширихија ама терав уште месец терапија и после останав трудна.
Најпрвин мислам дека по ден-два од трансфер имав само менструални болки, па на петтиот ден ми се појави и чудна нелагодност во градите внатре. Само ова со градите ме натера да направам тест рано, осетив нешто што никогаш немав осетено. Но, сепак, сè е индивидуално, кај сите е различно. Не е возможно да не бараш симптоми. Се бараат симптоми кога природно се обидуваме, а не па кога се очекува да се имплантира ембриончето што веќе знаеш дека е во матката. Секоја промена ја осеќаш, најмалиот знак ти дава надеж за успех, со секој симптом посакуваш да е успешно, анализираш, читаш. И да си опуштен и да не мислиш, кога ќе се појави некој симптом, не може да го игнорираш и да не се запрашаш дали е симптом за добивање или за бременост. Знаеме дека само тест може да потврди или да не потврди, но ги посакуваме симптомите и сакаме да се вистинските. Желбата за успех нè прави поосетливи и ги забележуваме сите промени и појави во периодот кога очекуваме да ги видиме најубавите две црти. Некогаш колку и да се трудиш да игнорираш и да не мислиш, тука е некоја болка во јајници, во кичма, во гради што ќе ве натера да се запрашате за што е симптомов. Дајбоже кај сите симптомите да се за бременост, да има само успех! Само напред, упорните успеваат!
Девојки, дали некоја има правено ЕRА тест за рецептивност на матката да сподели искуство? Имам 2 неуспешни трансфери, βhCG нема мрднато од 0,1 и воопшто не доаѓа до имплантација. Ембриологот ми го предложи овој тест да се провери рецептивноста на матката. Кај нас тестот не се прави, туку само се зема примерок од ендометриумот и го испраќаат на анализа во странска клиника. Правел некој ваков тест?
По втор неуспешен трансфер направив ендометријална биопсија и во лабораторија овде го пратија материјалот, не ми текнува како се викаше, во близина на Клиника е. Не знам дали е истото. Ја правев за да се види клетките во која фаза на зрелост се, докторот се сомневаше да не презрева порано ендометриумот и не го погодуваме денот на трансфер. Но излезе дека клетките одговараа на денот на циклусот, нормално беше сè.
Колку што го разбрав ембриологот, а и од нешто што прочитав, исто се прави биопсија на ендометриум и потоа се прави генетска анализа на 236 гени од ендометриумот која покажува дали матката е спремна за имплантација. Оти, според статистиката од тестот, кај 3 од 10 жени тој т.н прозорец на имплантација може да биде поместен порано или подоцна во циклусот, и причината за неуспешна имплантација или биохемиска бременост може да биде токму тоа, правење трансфер на несоодветен ден. Овој тест освен што проверувал дали ендометриумот е рецептивен, го давал и точно денот кога треба да се направи трансфер. Во Европа неколку центри го прават. Претпоставувам разликата меѓу твојот тест и ЕRА е што овде кај нас анализата ја прават гледајќи ги клетките од ендометриумот, а ЕRА тестот се прави со анализа на рецептивните гени од ендометриумот. Оли, дали се сеќаваш колку те чинеше тестот и дали пред биопсија земаше естрадиол и прогестерон како да се спремаш за трансфер?
Мислам дека 10 000 платив, не можам точно да се сетам. Не чувам сметки и не знам сега се мислам дали 6000 или 10000 ме чинеше. Не го правев испитувањето непосредно пред трансфер и немав никаква терапија претходно. Трансфер дури после околу 8-9 месеци правев. Не ми текнува ни на кој ден од циклус беше. Пишував овде за тоа кога ми беше потазе и ги знаев деталите. Ова ЕРА е друго штом е генетска анализа. Да ја знаев тогаш, сигурно ќе го направев и тоа.
Оли, фала ти што одвојуваш време да одговориш. Го најдов твојот постар пост низ темава, во Хемолаб си правела и толку, околу 10 000 било... ERA е поприлично скап тест, над 1000 евра доаѓа со транспортот и бидејќи е релативно нов и се работи околу 10тина години, сеуште мислењата се поделени... И се прави во циклус во кој те спремаат како да ќе правиш трансфер за оптимално да ја подготват матката, затоа те прашав дали примаше хормонска терапија за биопсијата. Фала ти во секој случај, секоја информација е добредојдена.
Девојки сега се вратив од трансфер... на првово мокрење забележав крв на хартијата... треба да има или ???
Не се нервирај те молам. Јас заради тие причини му реков да не ми кажува ништо. Ме прегледа на 7ми ден 164 ми беше естрадиолот и ништо не ми кажа дека го замолив да не коментира пред мене. На денот на прегледот имав примено 5 дена по 4 фостимони, ми даде уште 5 по 4 и понеделник на преглед. И во понеделник пак ќе го потсетам да не збори и размислува гласно. Неможам и несакам да знам. Не се нервирај, знае што прави ништо не мора да значи ништо. Една е доволна Го прифатив советот од една членка незнам која беше ама имала право дефинитивно
Со лесно да ти помине времето на исчекување и да си ги видиш двете цртички Мислам дека крвта не треба ништо посебно да значи,можеби при самата постапка поткачиле нешто,имплантацијата ќе настапи во наредни 2 дена,а можеби и покасно.Уживај и мисли на успехот
2 неуспешни трансфери се малце за да се помисли на нерецептивност на матката и ЕРА тест.Најчесто причината е неквалитетни ембриони. Имплантацискиот прозорец е на 19,20 ден од циклус или 5,6 дена од стоп инекција зависи и колку денови е ембрионот. ЕРА тест се прави еден циклус а наредниот циклус трансфер што не значи дека истиот резултат ќе важи и за тој циклус. Повеќе се смета дека влијае скречингот што ќе се направи на матката со самиот ЕРА тест. Некои клиники во странство враќаат еден ембрион на еден ден а втор ембрион следниот ден за да се запази и тој психолошки момент кај повторувачки неимплантации а со квалитетни ембриони.
Значи ако се направени PGD и PGS и ако ембрионите се во ред, а матката и понатаму не ги прифаќа, овој тест не може да помогне за имплантација и да се темпира времето на трансфер? Секој циклус имаме различен прозорец за имплантација? Нели тој циклус кога се прави тестот ти даваат хормонска терапија исто како да ќе правиш трансфер со замрзнати ембриони за циклусот да биде сличен на оној кога ќе се прави вистинскиот трансфер? Јас со многу слаба резерва едвај стасувам до трансфер, и 2 неуспешни трансфери ми се многу оти не знам дали ќе има следен. Затоа прашував искуства за тестот, а и тоа ме интересира, дали ако ембрионот е квалитетен тестот може да помогне? Фала ти на споделените информации Ех, да постоеше тест што ќе ги реши сите проблеми