Здраво девојки да ве прашам тие што се во процес на ин витро или некоја е бремена, имам останато 8 парчиња кринон со важност до 2020. Ако на некоја и се потребни нека ми пише да и испратам.
Ај и овде да прашам. Дали да одам кај докторот што сакам да правам ивф кај него, да барам мислење дека имсеминации не би дале позитивен исход, бидејќи сме со олигоастенотератозооспермија? Ако треба да одам да земам и конечно да поднесам документи
Мене ми одобрија ваучер без инсеминации со истата дијагноза, олигоастенотератозооспермија, без притоа да имам мислење од доктор. Јас не им испратив ни ХСГ, туку извештај од извршена лапароскопска операција што ја правев, така што и без инсеминации и ХСГ ми одобрија ваучер претпоставувам баш заради машкиот фактор. Не ми го одобрија веднаш, ме вратија за 2д и 4д ехо, иако веќе им имав испратено. Пак направив ехо и им го испратив, и тогаш ми го одобрија ваучерот.
Јас при испраќањето се раководев од самиот образец Бараат една или повеќе од опишаните методи, јас тоа што имав, тоа пратив. Кога по втор пат правев ехо, ми најдоа и миом во матката, па правев и хистероскопија и вториот пат и тоа го испратив. Дали заради лапароскопијата или машкиот фактор првиот пат поминав без ХСГ, не знам, оти ако ми бараа ХСГ, тоа ќе го направеа кога ме вратија првиот пат.
Од ова на сликата имам 4д на кавум утери. Друго немам. Ќе поднесам вака па ако треба дополнително ќе правам. Сега за сега смачено ми е од документи и ширење нози по доктори
Тоа е извадок од образецот што треба матичниот гинеколог да го пополни. Ако поднесуваш само 4д поднеси побрзо за побрзо да добиеш одговор. Со среќа!
Јас кога аплицирав, докторката шо ме водеше тогаш рече ако е концентрација под 4 милиони/мл не бараат инсеминации. Дали на некој под овој број му барале инсеминација?
Со истата дијагноза имавме направено само една инсеминација и ги пратив документите ,ме вратија за уште две инсеминации. Друг проблем немавме. Јас мислам зависи како се расположени од фондот, види, пробај прати ги ,можеби ќе имаш среќа
Фала bibiii, знам дека за една јајце клетка не мора анестезија, мислев доколку се повеќе јајце клетки.
Ми правеа пункција на перзистентен фоликул и хидросалпинкс без анестезија. Бев преплашена и очекував огромни болки. Верувајте болка не осетив, понепријатен ми бил обичен преглед.