Јас после трансферот и првиот пат и сега само Прогестерон ва финалето ставам, друго ништо.Освен сега,вториот пат на другиот ден после трансферот се буцнав Brevaktid 5000 IE и Прогестерон секој ден 3 пати на ден.
Другарки да ве прашам нешто,малку сум во дилема,после лапаро докторот ми даде терапија 3 месеци од 16ти до 25ти ден од циклус да пијам Примолут нор,со обиди ни рече да почниме после 2 менструации,е сега прашањето ми е колку е паметно обиди за бебе дури ги пијам нив,што АКО (си прам филм) забременам месецов пример,штета некоја,ризици?
Не ми текнува на која членка мм почна да пие серматроп таблетки кај мм по 1месец користење направивме спермограм и има подобрување што значи ќе продолжиме да ги кпристи зш најдобро е 2 3 месеци да се пијат но мене ме копкаше дали џабе ќе се фрлаат 3700или не и излезе дека има подпбрување да знаете...
Супер, со среќа. Те молам кажи ми кога поднесе документи. И јас очекувам да ми одобрат па да знам за колку време.
29 октомври поднесов допуна на документи,тоа што ми бараа.Денес се јавив и ми рекоа дека е одобрен и пратен по пошта.
Значи за околу две недели, јас поднесов пред една недела па се надевам следната да има. Фала ти и со среќа да си го искористиш.
Јас не сум кај него, ама имам пријателка која е кај него. Единствено што ми се има пожалено е дека нема баш комуникација. Сепак важи за врвен доктор и верувам дека би ти бил одличен избор. Но најдобро е да си закажеш консултација па да видиш лично како би ти се допаднал.
Јас пред 2 години бев кај него и иако не зборува е првиот доктор кој ми кажа дека имам полицистични јајници и мал септум кој не е страшен бидејќи имам родено.Бев и кај Гуржанова и кај Петановски и некако ме влече повеќе накај него ,но не сум сигурна.Јас кога бев пред 2 год.кај него бев чисто за мислење бидејќи не можев со години повторно да забременам.Ми бараше спермограм но мојот маж не сакаше да се испита бидејќи мислеше дека е во ред со него бидејќи имаме едно дете но еве сега испадна машки фактор и сега не се буни....Тоа беше причината бидејќи не продолжив да одам кај Лазаревски.Имам високо мислење за него бидејќи прв е што ми укажал дека имам проблем за разлика од претходно кога одев кај мојот матичен и кај Петановски бидејќи он ми ја водеше првата бременост.
Мила јас сум кај Лазаревски и сум презадоволна од него.Можеби не зборува многу ама тоа што ќе го каже злато вреди.Мене ми го откри проблемот и не го менувам за ништо на светот.Најбитно е што имам доверба во него .Мој совет отиди ппвторно на консултации кај него и мислам дека нема да згрешиш
За мене е херој се кај него од интервенции,ин витра и пораѓај.Сега и спонтано сум бремена,после 1 год му се јавив без проблем ми кажа што терапија да користам.