Благодарам.Веројатно не идат преку фонд? Значи стимулација...Веројатно ќе правам втора иуи наскоро док. Ми рече не мора мн да чекаме после хистеро-лапарото.
Не идат преку фонд на приватно само... Дај боже да вроди со плод Штом најпрекрасниот Др Трајковски така ти рекол верувај дека знае што прави.Мене првата иуи ми ја правеше Гуржанова,потоа наредните две со Трајковски за жал неуспешни,но дека се спремав за четвртата иуи природно си останав бремена и си ја тераме 9та недела... Со помош на стимулациите,трпението од страна на Др и се разбира Божјата волја после 9год конечно си ги видов најубавите две цртички
Браво! Се наежив, мн е убаво да се чуе нешто вакво. Навистина од срце се радувам и ви посакувам се најубаво. Уживајте
Мене болките ми се тапи, така да се изразам, за разлика од циклус кога се остри и неподносливи. Здравје и трпение мила.
Кој ден може да се прави тест ( дома) кога трансферот е на 3ти ден и кога ако трансферот е на 5ти ден? Дали има некоја статистика кој ден од трансфер е поуспешен 3ти или 5ти... Кој одлучува за денот на трансфер докторите или ембриолозите? И ако можете детално да ми ги објасните првите три дена по трансфер во однос на лежење/движење исхрана и .т.н
Јас имав трансфер на 2 ден , докторот одлучува на кој ден со ембриологот, а за успешност не знам... Во однос на лежење јас не ни можев да се движам, ме болеше стомак ко кога бев на стимулации, а од 4 ден почнав да се раздвижувам. Од исхрана ми рекоа протеини, така што јајца, урда, месо, чиа... тоа јадев
2000 ден се 2 ленти бидејќи на рецептата се 10 апчиња може да се купи само едната лента т.е. 1000 ден
Трансферот ми беше со бластоциста, а тест правев на 6-ти ден од трансфер и ми се покажа ептен бледа линија, а утредента бетата ми беше 79,7. Но не значи ако домашен тест не покаже толку рано дека не е успешно, едноставно може да е рано и подоцна да се имплантирало. Од осмиот ден мислам дека може да се направи тест ако трансферот е на петтиот ден, а за трансфер на трет ден, уште два дена плус. Монка, одбројувањето почна?
А што е разлика бластоциста и бластомера (може глупо прашање ама поим неам) И тест кога може ако е на 2 ден трансфер бластомера?
Бластомер е два-тридневен ембрион, а бластоцист e петдневен. За тест не знам, околу 12-ти ден од трансфер. За посигурно, нека пише некој што имал трансфер на втор ден и кога имал позитивен тест.
Ништо и кај мене, тестот испадна негативен по втор пат Така сакал Господ ,најверојатно третата шанса ке биде успешна.Мора да се надеваме.Фала на подршката али ништо и овој пат.Али одиме понатаму.Ви посакувам на сите што чекате 2 цртки што поскоро да ги добиете