Здраво мила, жал ми е за твоето неуспешно ин-витро, сега ќе си почнеш пак од почеток со испитувања, ПАП и микробиолошки анализи обавезно,прво тоа за да се види ако имаш некаква инфекција прво тоа да го санираш, после ќе си направиш испитувања на хормони,крвна слика,гликемија и седиментација, ако ти е за втор ваучер, ќе си направиш нови инфективни скрининзи за тебе и сопругот,уште еден спермограм за сопругот,а не е лошо доколку немаш испитувано на трансфузиологија да си испиташ тромбофилија, хомеостаза, ддимери и се' што има таму да се испита како и на Имунологија .Зависи многу и од докторот што ти го правел ин-витрото,дали те советувал нешто дополнително да испиташ, како дијагностичка хистероскопија и лапароскопија ако не си правела да се види подетално состојбата. Ти посакувам успешна постапка
Јас ги чувам во фриждер,со парното немам ладна просторија освен фриждер,мислам дека може и во некоја ладна просторија која не се грее
Не се чуваат во фрижидер. Во повеќе аптеки прашав, рекоа не. И во упатството мислам дека пишува да не се чуваат во фрижидер. Јас летото и на одмор кога бев и не бев дома, морав клима да оставам пуштена за да одржува температура на 25 степени само поради инекциите.
Бластоциста една се враќа поради ризик од близначка бременост, кај трет ден се враќаат две. Живко Попов во Жан Митрев исто прави операции тој ги има и почнато тие операции.Успехот зависи од состојбата и може да има подобрување може да нема подобрување а мн.ретко и да се влоши состојбата.
Dobro bash nikoja nemoze da mi odgovori za transver na 4ti den,dali pravela? i koga e najuspeshno koj den
Јас сум нова на форумов, па ве молам да ми кажете било какво искуство со Др. Петановски од Ремедика, сакам таму да правам ин витро...
Имаше некоја од жениве трансфер на 4-ти ден, не ми текнува која беше за да ја тагнам. Сигурно ќе го сподели искуството кога ќе прочита
јас имам успешен трансфер со замрзнати кај него еве сега сум 8 мсец,оди на консултации кај и ќе видеш што ќе ти казe,кај секој доктор има и позитивни и негативни искуства треба сама да одлучиш и да му веруваш на доктрот кој ќе го избереш,еве јас имав 3 неуспешни ифв кај трајковски ама прекрасен доктор пред се човек ама ете не успеав кај него,на крај ми рече од мене толку смени доктор,ти посакувам успешна приказна,бев кај петановски коректен беше само 3 пати се видовме дека само трансфер правев кај него и ете успешно.
Девојки имавте ли некои промени во градите после трансфер? Мене ми е 4 ден денес од трансфер со замрзнато ембрионче и вратено на 5 ден и немам никакви промени во градите. Меки ми се и не ме болат баш како секогаш што ми се. Претходната бременост одма осетив како ми се зголемија :/ Иначе после трансферот и наредниот ден имав обилен бел исцедок и многу гасови. Од терапија не примам ништо вагинално само добрастон, плус клексани, аспирин , метилфолат и метформон.