Vcera mi stigna vaucerot.Go cekav 10 tina dena po posta da stigne i me fati strav dali ke dojde bidejki na 21 vo cetvrtok imav dogovoreno kaj Lazarevski.Se odluciv kaj nego da go pravam invitroto.
И сега од ко им забранаа на другиве? Хм баш чудно,сега ќе се јавам.Фала ти. Едит: Правеле точно,нз како само ко забрането е,и погоди шо,2000 ден бил хахаха,почна сестрата со 1000ка да ја изуствит цената и се корегира,2000 хахаха. Бандити!
Боже мили Кај нас во болницата клима нема летно време ( таму кај што стојат инекциите). Зимно време па е сауна од топлеж. На рафт си стојат и сите пациенти така ги примаат. Да прашам кој има точни информации ми требаат за другарка. Колку кошта пункција, оплодување и евентуален трансфер ( на природен циклус) во Ремедика, Систина и Органџиски? Со покачувањата не сум правела и не знам да и кажам. Само од Плодност имам цени. Ако не ви е тешко споделете информации која што имате. Имам 2 инекции пролутекс. Уште 3 месеци има рок . Ако и треба на некоја кажете. Да не пропаднат така
Не мора да болат градите веднаш. Мене дури околу 9-та недела почнаа да ме болат, а мислев дека порано треба. Но меки остана, дури ни зголемени не ми се, исти ми се како и претходно. Нема правила, а и секоја бременост е различна, не мора да ги имаш истите симптоми како за претходната бременост.
Фала @0ли навистина се тешки овие две недели но мора позитивно да размислуваме за позитивно да ни се случи
Јас бев кај Петаноски цела година, ги правев сите испитувања таму и 4 инсеминации. Мислам дека е многу добар и искусен доктор, само што е премногу гужва и се чека доста. Искрено нема многу можност за да се посвети внимание. За инвитро не сум правела и незнам што да ти кажам. Јас се одлучив за Њу борн за инвитро.Сепак треба да се видиш со него па да одлучиш.
Со среќа и со лесно. Дај Боже со успех да биде. Многу добар избор си направила за доктор. Јас денес треба да се јавам за да видам дали има нешто во врска со ваучерот.
Ајде позитивно, мора да се издржи. Тешко е, да не се лажеме, но мора да се мисли на убаво и да се најде занимација за да поминува времето полесно. Ќе биде добро, пуштам најголема среќа! Ги чекаме со убави вести сите што почнавте со одбројување, а и сите што веќе одбројуваат до тест!
Девојки ваучерот стигна Закажавме термин кај др.Трајковски па здравје ќе видиме каде ќе падне одлуката Овојпат не брзаме имаме време... Пс.Ме замисли малце денес докторкава во центар за дијабет но веројатно знае повеќе од мене ... ако се секавате пред трансферот ми открија скриен шеќер и долна граница на вит Д..(април) терапијата со глукофаж си ја терам но вели Вит Д да сум продолжела а јас сега немам проверено но тогаш примав па прекинав..но здравје ќе видиме Др Трајковски што ќе каже...ве гушкам сите а во 2020ќе си(да си ) гушкаме бебиња
Супер, јас и ти најверојатно во исто време И јас сум кај Трајковски, ама уште го чекам ваучерот. Кажи ми те молам од колку мг пиеш витамин д? јас го имам во витмаините што го пијам,а ама незнам колку доволно е доволно. Баш мислев сега и витмаин д да си проверам.И со среќа и успех
И да е во ред витамин Д во постапка за ин витро и цела бременост се пие освен за раст и развој на коските помага и во подобра циркулација и за превенција од абортус.Од 1000 до 2000 IU треба да се внесува дневно.
Јас го имам во витамините што ги пијам веќе долго време, сега проверив дека е 2000IU, претпоставувам дека нема потреба да го проверувам.