Од Микрогинонот е тенок ендометриумот. Дали имаше барем кафеаво? Мене докторот ми рече прв момент кога ќе видам кафеаво, тогаш да се јавам веднаш. Не очекувај да имаш некој обилен циклус.
Ништо.. ни кафеаво ни точка.. само зјапам во тоалетна цела недела.. Мислиш има шанси со 3мм ендометриум да добијам бар толку колку да почнам со стимулации?
Вратена на 2 ден една оплодена.. Првите 4 дена имав болки едвај идев до вц, болки во гради, па после имав мали менструални болки, а овие два дена 10ти и 11ти никакви симтоми. Градите веке не ме болат, немам никакви болки... Денес реков случајно ке направам тест, 2 мин немаше цртка, го фрлив во канта и по една мин го извадив од канта и го набљудував дали ке се појави хахах и го сликнав пошто не си верував. Утре пак ке правам ама од сабајле.
Тенок и треба да е ендометриумот пред почеток со стимулации, па ќе се задебелува. Ако видиш и точка кафеаво, ќе се јавиш кај докторот. Но обавезно консултирај се со докторот и сега.
Не сте го искористиле, што сте искористиле? Декапептил од таму ти дадоа? Ако Да, ќе си го платиш декапептилот и евентуално ќе си си го платиш ехо прегледот ( едно-две колку си имала) и ваучерот ќе ти остане , т.е нема да го пуштат. Следниот месец ќе си аплицираш пак . Све исто како за прв ваучер. Само ќе мора нови резз од хормони,брисеви и хепатитите
Фала за одговорите, ми дава малку надеж дека може и ќе добијам.. Да, Декапептил сите ми ги дадоа што ми следуваат, 22 и веќе 14 дена боцкам.. Ако не добијам нареднава недела добро е да се знае ова ќе побарам да направиме така. Фала ти многу за одговорите
Ќе му побараш обавезно. Декапептилите не би требало да се поскапи од 4000-5000 ден. Мада јас мислам дека ќе добиеш деновиве. Само како што ти пиша и Оли, не очекувај некој салам циклус. Пуштам среќа
Vo april pred nesupesniot transfer imav ispitano na klinicka biohemija i po 2h mi izleze 9.1 i seuste sum so glukofaz[/QUOTE] Фала ти мила,не знам дали на некое друго место можам да испитам, мислам на државно @anitka-fifa честитки мила, со лесно да си ја носиш бременоста, се гледа дека е бледа ама од утре ќе биде потемна,сепак е 11 ден,може покасно да се прикачило, израдувај не во петок со висока бета!!!!
Не ни очекувам салам циклус, секогаш имам по 2-3 дена макс, сега и за неколку капки ќе се радувам. Декапептил прашав вчера ми рекоа околу 300-400 била една, не се многу. Фала ти уште еднаш за советите и информациите, матичната не ми кажа колку вие тука, преплашена си дојдов..
@Sienna_MK скриен шеќер сакаш да испиташ? Во секоја лабараторија и во секој град има на државно да испиташ. Смири се и мисли позитивно. Ама до петок ако не добиеш јави му се на докторот кој ти го води ивф-то ( чинам Димитров кажа)
Јас имав такво искуство пред една година кога требаше да правам прво инвитро и воопшто не добив повеќе од 20 дена поради што мораше да прекинеме и за два месеца го направив инвитрото така да мислам дека не би требало да се секираш, ти посакувам да си добиеш ама и да не се случи мислам дека не е страшно Ваучерот не мора да го искористиш само ќе си ги платиш сипрефактите, јас ги платив две шишенца по 1600 денари мислам беа во Плодност и за два месеца си го искористив ваучерот
Фала ти @AnaAnaBanana се надевам сега се е ок сега ти посакувам среќа. Ми требаше да прочитам дека сепак може ќе биде во ред иако не добијам.
Јас немав проблем после тоа, за два месеца направив прво инвитро каде ми вратија две тридневни ембриончиња со супер квалитет ама имав и хиперстимулација и не се фатија, замрзнав две 5 дневни кои ми ги вратија оваа година во јуни и едното се фати, машко здраво бебенце, но за жал поради инфекција го изгубив во 6ти месец, и сега чекам да се опоравам па здравје фебруари ќе поднесам за втор ваучер... се на се сакам да ти кажам дека ништо не значи тоа што кога прв пат почнав не добив и ми го прекинаа па после тоа останав бремена со инвитро од истиот ваучер... ти посакувам среќа и да добиеш деновиве за да си продолжиш со постапката и да не израдуваш со позитивен тест
Јас мила имам добиено со 2mm, ендометријум, неколку дена пред циклус. Јули и август имав хормонални пореметување, пиев примолут нор. Недела дена пред да добијам бев на преглед, кажувам кој ден од циклус ми е и дека за некој ден треба да добијам, докторот ми вели нема шанса 2 mm ти е дебел ендометријумот, какив мензис, што ке се чисти кај тебе. Кај тројца доктори бев на преглед сите истото ми го кажаа. Па си добив на време и циклусот ми траеше нормално како и порано. Кога повторно бев на преглед после циклусот, ендометријумот си беше со нормална дебелина. Пробај само да бидеш посмирена, мене од стрес ми се пореметува циклусот.