Да може, но пошто се 3 фостимони со 3 водички и треба да се измешаат во една течност а тоа е многу течност затоа препорачуваат мускулно.
Се надевам дека ќе ми дозволат вака да примам, срам ми е да плачам по амбуланти а, плачам многу.. Дома сама некако полесно преживувам. @monka_bonbonka гали меше и уживај, за една недела да не израдуваш со две цртки!!
Дека бараше симптоми,рано е...заправо јас после првиот и третиот трансфер имав пецкања во јајници,болки во матката осеќав дека нешто се случува внатре и имав позитивен тест ,а за вториот трансфер ништо..сепак сите сме различни ,само позитивно дај Боже да не израдуваш со висока бета
@monka_bonbonka Не ти дадоа антибиотик после пункција? Јас многу пати сум прашувала за антибиотикот дали мора да се прими оти многу набрзо правев пункции и не е добро секој месец да се зема антибиотик, ама докторот е категоричен дека мора, и мислев дека тоа е стандардна терапија за да се превенира евентуална инфекција, не знаев дека може и да не се даде антибиотик? Што ти дадоа после пункција?
Јас не ни знаев дека може да ми дадат антибиотик, затоа не ни потпрашав. Иначе бевме 3-4 девојки што правевме пункција на ниедна не ни даде антибиотик. Ств незнам... да не даваат само таму каде што се плашат од хиперстимулација, незнам само претпоставувам.. Фала за одговорот
@monka_bonbonka Денот на трансферот не се рачуна. @Nithya И јас повеќе инекции во една водичка сум боцкала поткожно во стомак. Прашај дали може за сама да боцкаш, навистина е поедноставно дома да се боцкаш.
Кај мене имаше опасност од хиперстимулација па не ми дадоа, изгледа од клиника до клиника зависи. Во Ремедика најверојатно не даваат
Дај Боже со убави вести да ти се јават.Како помина со пункцијата? Мене и тоа ме плашиПа пиши утре откако ќе ти се јават.
Исто и мене, многу голема подршка и утеха ми е форумот.И значи не ми се верува, само време да се губело, незнам зошто неможат да ти кажат па треба да чекаш по пошта да ти пратат.Ама ајде кај чекавме толку па за уште малку, не е страшно
Девојки дали има влијание ако естрадиолот е премногу висок на трет ден од менз. Прашањето ми е дали би почнала со стимулации доколку е висок над 100?
Антибиотикот се дава како 'превентива' да не дојде до некое воспаление. Зошто нели боцкаат , т.е пунктираат долу Не е поврзано со хипер. Ама секоја клиника си има различни принципи. @Luni а ти мереше естрадиол на трет ден? Колку ти е? Поповиќ го сака баш низок. Околу 20 го бара
Да, по правило така е мене ми дадоа антибиотик после хистероскопија а после пункција не, али изгледа ни ставаа во инфузијата :/
Не беше ништо страшно јас иста бев ама немало потреба во 10мин се помина со анестезијата ништо не сеќаваш се будиш и ти кажуваат колку извадиле ,ти даваат терапија шо треба да ја примаш и остануваш да чекаш јас во 7:30h отидов веќе во 9:15h бев спремна за дома