И мене ми признаа спермограм али имав два еден оригинал од друга лабораторија и еден испечатен од друга лаб.
@lia22 Земи си упат за ГАК и ако си бремена е бесплатно. За два часа имав резултат. Го чекаа резултатот да видат дали сум бремена за да знаат дали да ми наплатат и не платив ништо. А во приватни лаборатории како Авицена, Синлаб со упат е 100 денари.
@0ли де стави го линкот за честитање родендени Да не ја полниме темата со офф топици Во кафе муабети е. Неш не можам да ја ставам јас
Ми се јавијааа сите 5 се оплодиле сега ќе чекам до утре дали ќе се развиваат нормално се прерадував стварно девојки
Колку убава вест, супер. Те мислев цел ден и имав чувство дека ќе бидат убави вести.Со среќа и понатаму
Суперрр преубава вест,подобро не можело да биде. Супер @Chikitaa сега и сите да ти се развиваат и се да биде во ред па догодина бебче да си држиш во рацете
Женички ќе ми треба мала помош. Се работи за моја блиска 46годишна а нејзиниот сопруг 49год. Имаше останато природно бремена после 3 год брак но за жал во првото тромесечие се прекина бременоста,и оттогаш ете две год се мачат неможе да забремени. Денес за прв пат почнаа со испитувања па биле во Систина кај некоја докторка (не прашав кај која) Иако братучедка ми била со циклус Др ја гледала вагинално и и рекла дека ништо не гледа,па потоа и рекла дека ифв ќе морат со донирани јајце клетки бидејќи нејзините биле истрошени.Дали тоа е можно да се види само преку ехо или мора проверка на крв,мене ми е сумливо дека може тоа да се види на ехо. А матичниот пред извесен период кога ја гледал и има кажано дека има одлични фоликули и има редовна овулација. Некоја пријателка и рекла дека во Србија има клиника за подмладување на јајници.Дали некоја од вас има инфо дали прават и некаде во Мк. Фала многу и се извинувам на долгиот пост,но по ова што денес и го имат кажано многу е разочарена...Ако има некоја слично искуство мило ќе ни биде да сподели..
Од еден ехо преглед Не се донесува заклучок - резервите се истрошени. Може месецов имала малку антрални фоликули или воопшто немала. Може да се констатира намалена резерва, да , со оглед и на годините, но не да се каже истрошени. Треба да си испита АМХ ( тоа е хормон за оваријалните резерви) кој исто така не е 100 % релевантен. Но сепак дава некаква слика. Подмладување ( рејувенација на јајници) прават и кај нас. Во Ремедика за сигурно знам, околу 60.000 ден кошта една. Препорачливо е две . Имам направено Благодет Не видов
Сигурно и ради годините и рекле така. Нејзе барем и направиле преглед, мене кога отидов на консултации во Систина, кога им реков колку години имам, веднаш ми предложија ин витро со донирани, без направен преглед. Ми рекоа дека над 40, посебно над 43 години, шансите за успешно ин витро со сопствени јајни клетки е многу мала, па затоа предлагаат со донирани. И веднаш ми ја кажаа цената дека е 4000 евра за 8 јајце клетки.
Јас па Поповиќ го молев што се вика да почнеме со донирани, он се узвил бар уште неколку пати да идеме на природен циклус со мои. А и јас сум над 40 . Ај Уш една година си давам да пробувам вака