Devojki moze li da mi kazete dali da pravam histeroskopija za slednoto ivf....jas nemam praveno......dali so 3D moze da se vidi dali ima nesto vo matkata....jas sum so vanmarericna bremenost edniot kanal izvaden a drugiot zapisen.
Мој свет ти е да си направиш хистеро поради можност на прегрда можеби е тоа проблемот штом си останала вонматерично.. Мислам дека нема да се види ниту со 3 д ни 4 д јас правев 4д и не ми видоа преграда а на хистеро ми извадија преграда...
Евентуалната преграда си нема врска со ванматеричната бременост. Ама не е лошо да си направи членката
Истото ехо, истиот д-р, слична ситуација... Левиот јајник „мртов“, десниот живурка по малку со по некое антрално фоликулче... Преглед кај друг д-р, уште полошо... Некој месец подоцна кај првиот д-р на лапароскопска операција јајници нормална големина, се нормално... Самиот д-р кажа дека не секогаш ехото ја отсликува реалната состојба, друго е кога ќе те „отвори“ и ќе види внатре што се случува. Потоа, во 1год. 5 ивф, 5 ј.к, 3 ембриони, 2 трансфери... 1 ј.к извадена од левиот „мртов“ јајник кој, од нигде никаде, се врати во живот и еве го, уште живурка, се појавија и антрални фоликули... Муабетот ми е, да се потпрев на тоа ехо, амх и на првото класично ивф без извадени ј.к уште ќе живеев со помислата дека немам ј.к без надеж за сопствен пород. И што ако си имала 1 неуспешно ивф, може следното ќе е успешно! Ретко кој успеал од прва. Одлуката е твоја како ќе продолжиш понатаму, со твои ј.к или донирани, ама ајде малку повеќе верба! И јас после секое неуспешно ивф се откажувам, па по 1 месец сум пак во чекална со нова надеж и нови сили. Кога во една прилика трпев огромна болка без да писнам, д-р ми рече, добро, што човек си ти? Му одговорив, јас сум жена што сака да стане мајка! И да знаеш, јас, ти и сите овде ќе станеме мајки. Откажување нема!
Другарки моииииии неможам да си поверувам на очиве, после скоро 4 години да видам II цртички БЕЗ НИЕДЕН СИМПТОМ!! Дај боже се да биде како што треба!! 7ми ден од трансфер... не е многу јака ама важно ја има
Одлична си е цртата! Честитам и ти посакувам убава и лесна бременост! Баш ме израдува, знаев дека ќе е успешно! Нека се множат позитивни тестови!
Девојки мене ме мачи нешто Од денес почнав да ставам утрогестан вагинално, е сега на упатсвото нели пишува да се става длабоко. Е колку е тоа длабоко? Јас некако, мали прсти имам, ке си прими ли организмот тоа што му е потребно, ако случајно не сум ја ставила како што треба ???
Јас од аптека си земав вагиналети со апликатор и само апликаторот го користам. Полесно е и попрактично.