Да не сте биле повеќе жени тој ден? На пример и јас чекав саат време таму каде што правев и по ред ни кажуваа на која колку и извадиле и колку се добри за оплодување. На крај се извинија за чекањето и кажаа дека баш тој ден биле со мањак персонал во лабараторија, а сме биле многу жени. Ако е тоа причината не можеме да ја мериме стручноста во тие ситуации, ако има конкретно поинаква ситуација тогаш е друга приказна. Мислам членката се интересира за стручност и % на успешност.
Да бре И јас чекав неколку часа да ми се јават колку извадиле. Само таму имам правено со анестезија. Нит доктор дојде да ми каже, ембриологот не го ни видов. Се извинувам Грешка сум била дека ти немаш хсг. Ко така , докторот кој ти го правеше ивф-то нека напише мислење дека препорачува хистеро , извади си упут од матичната и оди во Чаир.
Фала мила на мислењето, имам слушано многу позитивни искуства за докторите па ме интерисираше за ембриолозите затоа и прашав.Верувам и се надевам дека се ок.
Фала на мислење, за чекање и јас сум чекала по повеќе саати на други места за други работи (како за инсеминации), ме интерисираше од аспект на стручноста и позитивни искуства.
И тоа е причина за ужаз?! Членката прашува за стручноста а не како комуницирале со Вас. Понекогаш сте навистина премногу критични. Најбитно е да има убава оплодена јајце клетка а не за колку време ќе ни соопштат. Со лесно и успех на сите. п.с Имам успешно ивф кај Трајковски и ниту еднаш не го видов ембриологот,ниту пак знам кој бил.
Фала мила за споделеното искуство,спремна сум да слушнам секакви мислења а уште повеќе ми значат ваквите позитивни искуства
Реално и нема некоја потреба да се гледаме со ембриолозите. Нека си ја завршат работата како што треба па ич очи не морам да и видам
Мимоза и Кики се одлични. Прв пат кај нив достигнав до 2 бластоцисти. Ми ги вратија на 6ден од пункција
Јас правев во Чаир имав извештај од специјалист Др. Попович од Систина, тој ми предложи за во Чаир поради тоа што кај нив е многу скапо 1500 евра е цела постапка лапаро и хистеро, а во Чаир платив само 2700 денари лежев 4 дена и сум многу задоволна од страна на сестрите а пред се од Др Зоран Илиевски тој е еден од највнимателните.. Топло ти го препорачувам...
Браво Монка,за тебе ја отворав темава деновиве и знаев дека ќе успееш.Со лесно и да си ги имаш најубавите девет месеци.Ти посакувам мнооогу среќа и чувај се
Се согласувам Ама во последно време добив такво прашање -па дали знаеш кои се ембриолозите, па какви се-што беше доволно да ми се појават плус прашања во главаСепак најдобро би било кога не би размислувале за се и сешто
Леле убавиниии честитки и ептен е убава линијава, јас на 7ми ден имав едвај видлива, а твојава е супер... верувам висока ќе биде бетата
Јас имав хидросалпингс на лева туба и ја отстранив пред година ипол. Тубата беше полна со течност која ми истекуваше како бело прање само во големи количини во период на овулација и ми рекоа дека тоа што истекува не дозволува да се зацврсти ембрион... мислам дека ниту фондот би издал ваучер ако не се отстрани таа туба, така да мој совет отстрани ја за побрзо да си имаш резултати. Јас да знаев дека прави проблем уште две години порано ќе си ја завршев работата