Па сигурно. И тоа имав од Државна болница, од 8ми септември, од Железничар или Железара како и да се викаше.. па никој ништо не ми рече. Единствено што гледаат е датумот ! Нема везе, кој како си љуби така нека си прави Ве двете и навивам за вас
Девојки дали има некој искуство и дали воопшто во Мк се донираат ембриони и како е постапката?Фала ви мили мои и Ви посакувам радост на сите
А дали знаеш како е тоа надвор од Мк регулирано?Пример да се донира ембрион на парот Трајковски или надвор од Мк на парот Мајклс?Дали има процедура или може меѓусебен договор?Фала ти мила
Парот во Мк ќе си купи донирани јк , ќе си купи и машки материјал,ќе им ги оплодат во лабараторијата и еве им ембрион. Претпоставувам така е и во странство. Како готови ембриони кај нас не се продаваат
Девојки, какви ви беа вредностите на естрадиол на 6ти ден? Мене ми е 408 а почнав со 20, но ме збуни докторот што ми рече дека може ќе треба да одложиме трансфер.
На седми ден 650 ми бил, добар ти е естрадиолот, ќе расте уште. Ние го одложивме трансферот бидејќи беше потребно да се направи поинаква припрема за трансфер. А и блага хиперстимулација имав.
Фала ти за брзиот одговор. Која е причината за одложување, хиперстимулација? Колку јк изваде тој циклус?
Ах бе незнам што да мислам сега на тоалетна светло црвено како крв се јавив на сестрата ми рече да не превземам ништо да почекам уште некој ден сепак е само 8 ден .А да си направам јас еден тест може ќе покаже нешто
Блага хиперстимулација имав, но требаше и да се средат прво други работи пред да се направи трансфер. Пунктирани беа 10 фоликули, од кои 6 јајце клетки беа зрели.