Tesko e na pocetokot dur ja ,,svaris,, taa opcija, jas na 33 razmisluvam za donirani. I maski hormoni se ispituvaat? Ili ne razbrav dobro?
Да, докторот што ме води сакаше да ги види тестостерон, тсх и уште еден.. На 6ти ми беше околу 500 мислам што не е некоја разлика реално, па имав трансфер. Почекај, рано е за заклучоци Пуштам среќа
Денес бев на консултација и искрено џабе ми беше трема и срам демек од кај тања кај трајковски човекот е Човек и доктор и се... се воодушевив од пристапот Сега ми е јасно зошто членките кажуваа позитивни нешта за него... ааа и да не заборавам прво хистеро па после се останато нема зошто да се брза за ваучерот да не среди прво па после...
Да, баш така, и јас кога сменив и отидов кај него, ептен ми остави впечаток.а зошто хистеро, има причина или само дијагностички? Мене ме праша дали имам правено ама не ми рече ништо за дали да направам.
И мене ми рече Трајковски за дијагностичка хистероскопија иако на ехо и на ХСГ ништо не се гледа, јас имав спонтан во 6 недела па можда поради тоа да се види подетално состојбата.Не знам кога би ја правела ама по читањето од членките ќе одам во Чаир кај Илиевски
Кога некој е толку фален не можеш а да не го земеш во предвид, просто форумот е чудо, уште пред 2 години прочитав за него и од тогаш се' само позитивни критики.Ќе го споделам и јас моето искуство кога ќе одам
Не проверувавме бидејќи бевме договорени трансферот да го одложиме и немаше потреба од проверка на прогестерон. Но за првото инвитро кога естрадиолот четири дена пред пункција ми беше околу 1700, прогестеронот ми беше 0,83 и тогаш имав трансфер.
Виде нешто на ехо... и ме прати кај калчовски од претходно кај него бев летово за цисти... па ќе видиме на 1ден од циклус микрогин ќе треба да пијам ...детален е баш искрено баш пријатно се изненадив не дека не очекував но ко во грч бев додека отидам
Ама навистина во ни една тема немам прочитано ниту еден лош збор за него, ниту една критика.. Докторот си е вистински човек, нема што
Јас ти предлагам кај Зоран Илиевски до сега не сум сретнала повнимателен доктор а може да се каже веке ни е пријател, може да се каже во секој момент е достапен за неговите пациенти...
А дали знаете дали кај нас гарантираат за тоа колку ембриони ќе се добијат? Оти, што ако се оплодат, ама не се развиваат ембрионите, дали има некаква гаранција за бројката на ембриони? Или ако се купат донирани ј.к и се оплодат со спермата на сопругот, што ако ниту еден не е добар? Знам дека веројатноста е мала за вакво нешто, ама сепак, многу пари се во прашање. Мислам дека @Angie77 пишуваше дека во Прага гарантираат дека барем 5 ќе стасаат до бластоцисти.
И мене тоа ме интересира. Баш прееска барав на нет да видам како иде оваа постапка. И некаде наидов на интервју од Лазаревски. Се споменуваше дека има можност да се купат и донирани ембриони. Не знаев до сега. Јас еднаш кога разговарав со еден др од Систина на оваа тема тој ми беше објаснил дека врз основа на крвна група и фенотипски особини кај мажот и жената се бира донорскиот материјал. И се "прави"ембрион. Така разбрав јас. За гаранции Не дискутиравме
Фала на одговорот. И јас не знаев дека може ембрион да се купи. Мислев само ј.к. А тоа во Систина? Знам дека во Плодност нудат само замрзнати 8ј.к и тоа пакет од 8 се 5000е, го има во нивниот ценовник. Во ценовникот од Њу Борн не ги разбирам цените, вели донација на 4ј.к е 5000е, ама не знам тоа што значи, да ги донираш или да ги купиш или исто е? Ценовник од Ремедика и Систина не можам да најдам, да не знаеш колку е таму?
Пишувавме мината недела баш за Систина . Све ми се врти у глава 4000 евра дека ми рекоа , ама не знам за 6 или 8 јк. Петок би можела да споделам нешто поконкретно за Систина