Само смирено и без нервози (лесно било на друг да се каже ) Јас од стрес пред ивф го качив ТСХ, претходно на сите испитувања ми беше околу 1.5 Ајде за брзо да почнеш и да не радуваш тука со радосни вести
@Маја Т Мислам дека треба со докторот за инвитро да се консултираш дали да почнете веднаш или да чекате малку да се спушти ТСХ. Ти терај си работа на ендокринологија, но сепак информирај го за тироидата и за резултатите, тој треба да каже дали е ок со тој резултат да се почне.
Знам, јас сум под континуиран стрес откако ја започнав оваа борбаама тоа е, ќе се бориме.Дај Боже сите да си се радуваме за брзо време Фала најмногу Оли, да да секако ќе се консултирам со др.Трајковски пред да почнеме.од толку што имам желба да почнам со инвитро станувам нестрплива.
Јас Еутирокс почнав да пијам по препорака на Трајковски, по едно од 25 мг. Но ми рече обавезно да одам кај ендокринолог. Од матичен гинеколог зедов упат, општиот лекар ми рече дека праќа на интернист, па тој потоа ќе ме прател. Јас не сакав така и директно за Ендокринологија зедов од гинекологот. Полека, мислам дека за три месеци прво со едно од 25 мг, па едно+четвртина, па едно+половина од 2,6 ми се спушти на 1,7 и со таков ТСХ го правевме трансферот.
Да, сега се слушнав со матичната па ми рекоа дека мора од интернист. Ќе земам упат за следната недела па кога ќе одам кај Трајковски ќе му кажам, се надевам само дека ќе може побрзо да се среди. Со иста вредност сме на тсх.Фала најмногу Оли
Ако сака општ матичен да издаде приоритетен, може. Реално, ние го злоупотребуваме системот ама како и да е ќе најдеме начин да стигнеме до упатот сеедно дали преку општ или гинеколог. Изгледа тоа им е начин да се заштитат бидејќи е преголема гужва. Мене гинекологот не ми даваше упат за ендокринологија, па после малку натегање со општиот прифати и ми даде приоритетен.
Баш пред малку зборев со матичната (ептен ми е блиска зашто е на мајка ми колешка) ми рече дека и биле стопирани таквите упати па и да сакале неможеле, затоа извадив од интернист. Ама и повеќето доктори си ги чуваат упатите зашто изгледа имаат некое ограничување. Важно најдовме начин
И за маж ми кога му открија азооспермија ни викаше матичната дека не може да му даде упат за на ендокринологија, па после 15 мин расправање проба и можело па му издаде.. И мојата не знаеше дека може ама кога ќе отидеш во чекална на ендокринологија и ќе видиш дневно по 20 души со приоритетен од матичен сфаќаш дека има тука нешто
Оф малку ми е срам што ќе прашам ама читам на нет и некако не ми е јасно.Што е разликата помеѓу огтт тест и инсулинемија и дали тоа е исто со скриен шеќер?
Јас минатата недела бев на ендокринологија со приоритетен од матичен гинеколог. Зборот ми е дека има една соба што е само за приоритетни и уште 2 или 3 со термин (за на клиника). Така да незнам што им е проблем на матичниве да дадат упат.
Огтт е толеранција на гликоза во крвта ( скриен шеќер што се прави вон крвна слика ) а инсулинемија е проверка на исулин во крвта односно дали постои инсулинска резистенција. Најчесто постои кај оние жени со ПЦОС но и не мора да значи а предизвикува проблеми со овулација. Ако не си проверила до сега, а се бориш со стерилитет обавезно да провериш. Има терапија за тоа, и начин на исхрана. Се решава доколку постои проблем. Јас испитувањето го направив кај ендокринолог.
На огтт тест се мери само шеќер на гладно, на еден саат после пиење гликозен раствор, и на два саати после истиот. Така се детектира скриен шеќер. За инсулинемија да се открие е потребно во исто време со огтт да се мери и инсулин заедно со шеќерот. Јас немам скриен шеќер ама имам инсулинемија, после 2 саати шеќерот ми е во ред, а инсулинот ми беше 80.
Исто и јас околу 40 ми беше мене инсулинот. Пиеш глукофаж? Јас да одма ми дадоа од 500 со продолжено дејство и внимавам на исхрана. Во септември бев на контрола стабилен ми беше, сега сум во декември пак.
Фала ти мила,сега веќе ми е јасно.Досега се имам испитано и уште ова ми остана и витамин д немам една година испитано а здравје во јануари ќе почнам со инвитро па обавезно ќе проверам до тогаш♥️
Јас отидов со резултати ама докторот сакаше уште еднаш да провериме и ме боцнаа и ми рече за два дена да дојдам за да видиме за терапија ова го завршив за половина час, а во вторникот чекав можеби саат време додека влезам кај докторот. Ама сепак не се чека многу како што има на други места
Да, прво ми дадоа да пијам од 1000 со продолжено дејство, ама дека шеќерот ми е во ред од глукофажот многу ми паѓаше и како несвестица добивав, после ми намалија на 850, и последно само инсулин мерев ми беше 12 ама одамна немам мерено со оптеретување да видам резистентноста до каде е.. Кога ги почнав пред 7 години и со внимавање на исхрана и многу килажа симнав и овулацијата ми се среди, после некое време ги оставив. Сега за ивф пак ги почнав глукофаж, пијам од 500 во консултација со ендокринолог бидејќи пак почнав да се осеќам лошо и да покачувам килажа.