Здраво девојки Од денес нова сум на форумов и сакам на сите кои што се во оваа постапка да им посакам успех. Јас се соочувам со истиот проблем веќе 6 год. Лани јуни имав успешно инвитро но за жал во 7 недела немаше срцева реакција.Во септември октомври оваа година пробавме по втор пат и испадна негатовен резултатот, каде што докторот не се откажа и на 18 ноември повторно правевме трето инвитро. Малку сум во бунило бидејки домашен тест во текот на претходните две инвитра не сум се осудувала да направам ама еве во третово вчера реков што сака нека биде и направив ми покажа бледа втора линија.Измешани мисе мислите b Hcg треба во понеделник да правам а јас од вчера до денес имам три теста направено и сите се со бледа втора линија . (Се извинувам за долгиот пост)
Добредојде, немој да се плашиш, лошите искуства се минато. Те очекува прекрасна иднина, а за тоа е знак позитивниот тест Со лесно и среќно понеделнички, да си се израдуваш со висока бета. Мој совет ти е кога ќе ти дојде лоша мисла ( покрај искусеното претпоставувам дека ти минуваат лоши мисли ) ВЕДНАШ замени ја со НОВА среќна, позитивна мисла. Пробај, успева
Ти благодарам за прекрасниот дочек и прекрасниот совет се надевам дека ке биде трета среќа па ќе видиме се надевам дека овие бледиве линии се вистински по што прв пат ги сретнувам Кај секого нека се враќа само со убаво
Нема проблем, за тоа сме тука Токму така, 3та среќа ќе биде Нешто спомна 18-ти ноември.. трансфер правеше тогаш? И јас правев тој ден, па може да сме исто Може, ама тебе не ти е од тоа 100% сум сигурна затоа што и јас истиве прашања ги поставував, скролни назад ќе видиш
Да трансфер правев , и тоа со најмалку надеж бидејќи како што напоменав беше трето инвитро едно по друго со слаба стимулација осум клеточен ембрион (јунакот си го викам ) За разлика од првите два пати беа по 12 јајце клетки и по две ми беа вратени.Ама си викам најверојатно сакало сега иако има голема разлика зборам како чувство од првиот и сега третиот пат.Телото поинаку го чувствувам. Може бидејќи во сите упатства наведено е како сиптом, јас во сите три ситуации различна болка имав.
Значи исто сме, супер! Јас правев бета на 11 ти ден 459 искочи, рекоа дека е ок за денот... не ми кажаа да повторам, само ми закажаа преглед за 2 недели. Се надевам дека ќе биде се во ред Кои симптоми ги имаш? Чувствуваш болки во јајници, јас да како пред циклус се чувствувам ама малце почудно Уште еднаш среќно во понеделник!
Честитки ти посакувам лесна бременост ,супер баш ми е мило што сме во ист период , од симптоми на почетокот 5-6 ден од трансфер многу ме болеа градите, како дами се кине нешто внатре и почнаа да ми потекуваат, но како поминуваа деновите болка чувствував и сеуште чувствувам ама со различна јачина, болки во јајници само како пецкање некое, нешто како затегање во матката кои се движат на кај препоните најчесто чувствувам кога сум во лежечка положба,одредени мириси ми се јаки некако и право да ти кажам лицето некако ми се исфрли. Ти благодарам за поддршката
Касно се надоврзувам ама да нема некој погрешен впечаток. Два пати касно ти јавиле зошто немало ј.клетка. Кога има ј.клетка и нема анестезија веднаш кажуваат а ако нема ј.клетка покасно кажуваат така е и во Систина и во Њу борн. Јас сум многу повеќе против лабораторијата а со тоа и ембриолозите на Сисина зошто само они уште враќаат ембриони на 2 ден што во сите добри клиники не се практикува. Се смета дека и ембрион од тридневно оплодување кај природно забременување е во јајцеводите а не во матката што значи дека кај некој уште матката не е спремна за прифаќање на тој ембрион. Во Њу борн тие млади ембриолози ми применија Assisted Laser Hatching и PICSI како што побарав додека во Систина два пати ги молев и не применија PICSI поради што добив впечаток дека ја немаат таа метода. Поголема инвентивност на ембриолозите од Њу борн него во Систина.