Во Систина е вака Природен циклус: -пункција 16.500 без анестезија+ 3000 анестезија -трансфер 43.500 ден. Обично имаш едно мерење на ЛХ и Е2 а тоа се 1.970 ден плус. И стоп инекција - 2.030 ден. На стимулиран циклус Ивф со икси метода 98.000 ден. Плус си ја купуваш цела хормонска терапија ( рачунај околу 500-1000 евра, зависи со што и колку ќе те стимулира)
Ти благодарам мила многу а дсли знаеш дали прават assisted hatching и дали док одлучува за тоа или сама можеш да си побараш?
Прават. Докторот одлучува, да. Обично на сите го прават. Освен ако се оди на природен циклус а веќе има неколку неуспешни трансфери , докторот може да предложи да не се прави ова, со цел да не се 'оштетува' ембрионот и да се остави све на природно да биде. Јас имам еден ваков замрзнат ембрион. Од јк добиена на природен циклус и оплодена со класичен метод, т.е без икси. За овој ембрион сметаат дека ми е најдобриот до сега
Само убави вести си читам деновиве и многу ми е мило мене ми е 7ми ден од трансфер со се денот на трансферот тосвен слаби предменструални болки, болни гради и гасови немав ништо друго овие денови . Ама денес се разбудив со главоболка и кафе ќе пиев прва голтка ... и повратив и цел ден гадење од главоболката ... на 5ти ден трансферот ми беше и сега се мислам кога да си направам тест мм вика дури сабота а не ми се чека ...
Јас имав трансфер на 5 ден а домашен тест направив на 7ми и покажа бледа линија Таман ти се симптомите
Трансферот ми беше со петдневен ембрион, бледа линија имав на шестиот ден. Но не се брои денот на трансфер.
Молчам , молчам ама не се трпи Па ај да раскажам. Неколку доктори ми беа кажале дека е 'убаво' да направам лапаро и да ги извадиме каналите. А проодни ми се. Само Попович беше на мисла. Сите знаете дека сум слаба со јк и тешко вадам. Некако одлучивме да ја направам операцијата. Со тешко срце прифатив Во петокот бев тргната во Чаир да пројдам анестезиолог. Уз пат отидовме и до Систина. 8-ми ден од циклус и докторот изрази желба да ме прегледа. Јас не спремна за преглед, не сакам! Повуци потегни легнав И гледаме 2 фоликула. Лепотици . Двата по 19 мм, на 8 -ми ден. Одма прегнил вели докторот. Недела сабајле, рано рано пункција. И???? Епа две јк кукли убави. Машки материјал топ! 89 милиони по прочистување Одлучивме пак да пробаме со класично оплодување. Сега ми се јавија. Едната се оплодила, другата ќе ја чекале као до утре. Ама што и да се случи одлучено е трансфер во март/април. Докторот сака следен месец да направиме уште едно хсг. А зошто, не знам. Прашањето ми е , дали сте слушнале дека јк може да се оплоди и покасно од првото гледање? Мене ми се јавија точно после 23 ч од кога ги дадоа на оплодување. Сакам да знам има ли некаква шанса и таа да се оплоди, или со тешко срце да се откажам од неа
Мене хсг ми правеше Дракулески и после првото ин витро Ивановски се двоумеше дали пак да направам се мислепе да не имам преграда некоја ама рековме ако и 2 не успее тогаш.Ми извадија 10 јајце кл за 6 ми кажаа после 24 часа а за другите 4 чекавме уште 24 часа па после до 5 ден останаа 8 од кои 6 замрзнати ,2 трансфер.
@Bubce38 види ти! Непланирано, а најубаво испаднало! Навивам за двете кукли! Оваа пролет да е ваша пролет! Првото инвитро кога го правевме, првиот ден после пункција ми кажаа една бројка, а утредента кога ми се јавија, ни кажаа дека уште едно ембрионче им се придружило. Значи сè е можно, не се знае!
Аииии Се препотив у бестрага А сигурна бев дека ме "тешат" безвеза за другата. Не бре . Јас ќе излезам чудо на природата, ќе видите
Не е без везе, има шанси И да излезеш чудо, тоа ти го посакувам! Ме возбуди и мене, ги запалив прстиве побрзо да одговорам да не ми избега одговорот