Со среќа... Надевај се и за втората и кај мене така се случи, вториот ден кога се јавија рекоа има уште еден ембрион.
Мила јас верувам дека и втората лепотица ќе ти се придружи и никогаш не се оркажувај од надежта бидејќи чуда се случуваат само на тие што веруваат во нив.Ти си секогаш тука на форумот да ни помогнеш на сите и ни даваш надеж кога најмногу ни треба па затоа верувам дека господ ќе те награди и здравје напролет и ти да ни споделиш среќни вести,ќе се радувам за тебе исто како за сестра така те чувствувам иако не те познавам лично само здравје имам многу позитивно чувство
Може оти да не како што на среќа си седна на преглед и си излегоа две ј.к, ќе биде и ова не се секирај само позитивно
Me naezi so tvoite recenici @Maya12 @Bubce38 najiskreno i od srce ti posakuvam 2crtki i visoka beta ovaa prolet ❤❤
@Bubce38 само напред , две лепотици да почнат напролет да раснат во мешето на мама , дупла среќа од срце ти посакувам ***
Темава стана најубава за читање, и да не ти е денот тука само убавини, ве читам и си плачам од среќа ме полните со надеж. Кај мене трансфер дефинитивно нема да има, 11ти ден од стимулации денес, естрадиол над 3200.. Вечерва примам стоп инекција, среда пункција. Препораки добив исотоник по 2л дневно и достинекс 8 дена после пункција. Ако има некоја што поминала хиперстимулација добро би ми дошле препораки за периодов..
Колку убаво грее темава, секогаш кога ќе отворам по некоја нова трудница, само така нека продолжи и после нова година @Bubce38 мила за тебе ептен се радувам, знам дека 2020 ќе биде твоја година да си гушкаш дупла среќичка, секогаш си тука за добар совет и за помош, од срце ти посакувам успех @lia22 мила со лесно да си ја износиш бременоста, навиваме за близнаци
Ах бре Бубче, што убави вести од тебе.Баш те мислев, те немаше еден период тука, ама за убаво било. Годинава ти ме бодреше во март, догодина јас тебе Ти посакувам најубава пролет
Покрај Изоспорт, пиј и вода. Јади полесна храна, протеини, зеленчук, супи. Леб, тесто, јаглехидрати генерално избегнувај.
Ти ја посакувам сета среќа и к'смет !!!!!! Иначе не се откажувај, мене вториот ден од пункција кога ми се јавија да ме известат колку се оплодени ми рекоа сега за сега 4 додека уште 2 се борат. Следниот ден ми се јавија да ми кажат дека 5 се оплодиле...што значи од тие 2 што се бореле 1 успеала who knows
Ај белки ќе се избори и мојата Не е фер после толку перипетии да се откаже П.с Овој пат поштени болки кркнав без анестезија
Преубава е темава, на сите нови трудници ви честитам од срце @Bubce38 тубите не ги извади, нели? гледаш ли колку убави работи ти се случиле, случајно браво, и јас верувам во чудо кај вас. И утре ќе бидат 2 куклиња кои на пролет ќе бидат во меше на мама Бубче @Nithya и јас бев со истата бројка и се одложи мојот трансфер. 2л изоспорт и плус вода, супа, течности многу. На 30мин мокрев, битно е и доста да внесуваш но и доста да измокриш. Овошје и зеленчук и протеини. Повеќе одмарање, не многу раздвижувања по дома. Достинекс и јас пиев 8 дена. Со лесно, па за 2 циклуси ќе ги вратиш мразулчињата во меше Колку ти замрзнаа?
Епа редно е да ме награди Осум пати имам идено без анестезија @Alishan30 не бре. Стојат ми, не ги давам сеуште
кај и да е,ситно броиме Фала ти Бубче, догодина истото ти го посакувам. Ќе те испратат и тебе, сигурна сум. Ќе те чекаме во другите поубави теми
Фала ви @0ли и @Alishan30, уште немам ни стоп инекција ставено, до крај на неделава ќе се знае колку ескимчиња ќе има а којзнае уште колку ќе расти естрадиолот, па малку се плашам оти сум со еден бубрег.. ама што е тука е, со Господ напред ќе се извлечам некако
Јанѕата си одите? Браво Интересен период ти следува Ќе се извлечеш, нормално. Ќе расте естрадиолот, ти почни си уште пред пункција со течности, да не му дојде нагло на бубрегот. Зголемувај постепено количина на течности и мислам дека нема да има проблеми.