Bepka Сигурно ли Димитров нема да е цел јануари на работа оти мене ми кажа да одам после циклус во јануари на преглед
Fala mnogu. Dokumentite se podnesuvaat vo podracnite sluzbi na fondot vo gradovite i tie gi prakaat vo skopje
И да не си од Скопје, сепак можеш да ги заобиколиш подрачните служби ако сакаш, јас поднесов директно во фондот во Ск кај Мајка Тереза...
Ајде кажете првите симптоми кога ви се појавија на вие што имате позитивен тест и колку дена одмаравте,дали одевте на работа? Честитки на новите трудници ,дај Боже сите да се радуваме
Хаха дојде на моето Кај мене благи симптоми почнаа од 7ми ден па натака, односно откако видов 2 црти. Пред тоа ништо. Ме подболнуваа градите, но уште по пункција бидејќи ми дадоа естрофем да пијам 3x2 па од тоа ми беше. Од 7ми ден натака имав симптоми како пред циклус, буквално идентични, сега деновиве 13,14 и 15 ден од трансфер освен градиве што ме подболнуваат и мноогу ретко јајници да ме пецнат не чувствувам ништо. Ти писакувам успех драга Анета Едит Не одев на работа, и сеуште не одам. Здравје боже да е се како што треба не планирам да одам. Одмарам цело време, не се заморувам. Си ги вршам обврските по дома, но без форсирање.
. Јас освен што имав и уште имам грчеви како пред да добијам, немам други симптоми до сега. Инаку да одмарам, на боледување сум, не одам на работа.
Го постирав муабетов во прво тромесечие од тука го избришав ама фала ти за одговорот. Некако како да ми е незгодно да коментирам по други групи, оваа си ја чувствувам блиска
Ќе си го избришам и јас Знам дека оваа тема ни е најблиска, тука сум како дома, но да не бегаат нагоре прашањата поврзани со инвитро, подобро е да се префрлиме таму со дискусија за бременост
Затоа лани ли предложив да се направи тема за ифв трудници но сфакањата беа пола пола па се предомислив а и несакав бидејки излезе негативно ... но пак вие со мешиња размислете не дека ќе се двојат трудници со ифв трудно туку ете ни доаѓа темава поблиску за прашања по позитивен тест што како...
Знам дека се пишуваше за ова. Прашањата тука се поставуваат бидејќи се навикнати тука. Но колку и да сум навикната, ете ништо овде не сум прашала, незгодно ми е бидејќи овде борбата е друго, а башка што повеќе одговори ќе добијам во Труднички. А за себе да кажам, навистина поразлично не сум од другите трудници. Општо за бременост зборуваме во темите, навистина не прави разлика дали си со инвитро или природно, сметам дека нема потреба да се издвојуваме и треба сите да се дружиме. Слободно се поставуваат прашања по позитивен тест во Прво тромесечие, сите беа расположени да ми одговараат. Исто е и со инвитро и со природно откако ќе видиш позитивен тест. Опуштете се и сите дојдете ни во Прво тромесечие, сите сме таму и сакаме да одговараме.
Се сум заборавила искрено,знам само дека кога имав позитивни тестови осеќав само дека нешто се случува во матката ама незнам од кој ден беше тоа . Јас од утре почнувам на работа,не ми е тешка со седење ми е оти вака дома многу повеќе мислам и се оптеретувам ...а и немам повеќе денови,Господ да ни поможи ваљда од 3 едно ќе се фати
Море како едно Нели ќе беше првата тројка на фемина? Па и поарно да си почнеш на работа. Побрзо ќе ти минат деновите
Какво едно дајбоже сите 3... ако се осекаш спрем а и не ти е тешка раб подобро да одиш и онака по 2 3дена велат во нормала да се вратиме така да гали меше тројно
Ама од фондот одобруваат ли за рефундација на пари,со извештај од гинеколог.И каде е гак,тоа не е ли кај тие зградите сите накуп што се. Каде беше на контрола во државна на трансфузиологија?,Кај кој др.
Вчера баш зборев со матичната, ми рече неможам да рефундирам доколку немам препорака од доктор од државна институција и ми напомена дека датумите на препораките за клексан или фраксипарин мора да одговараат со деновите до следна рефундација. Мене на пример во ремедика усмено ми кажаа дека треба да ги кориатам така да немам црно на бело ништо ни од приватно ни од државно а не ни знам пак не ми е јасно кој треба да ми пише .??? Така да изгледа ќе си останам без рефундација за жал. За овие 4 недели имам 4.000 потрошено Едит: на пример Јани уште пред ифв-то ми рече поради мутацијата да пијам метил фолат но фраксипарин не ми спомна. Во ремедика сами ми дадоа во терапијата , иако немаше таква препорака од Јани.
4 деца ????? хаха не верувам, вака беше...од 6 ембриони останаа 2 со незнам каква градба на клетки, сите 8 клеточни ама овие две подобри,останатите за замрзнување инсистираа ...кога не се како овие две зошто да замрзнувам ,накрај решија 3 да ми вратат дека се одлучив да не замрзнувам ...така да не верувам на три ,едно ми треба само ...