Биди јака, не си единствена. Имаш целосна поддршка и кога и да ти е тешко, слободно пиши си На кој ден ти беше трансферот?
Јас пак со моите молитви ама да даде Господ трите да се, и на сите што пекаме, а и на оваа неспремнава @Bubce38 по три да ни даде, за сите години тишина, за сите години спастреност по дома, нека лумпуваат. Подобро да кинам нерви од нив него ли без нив
Бруфен или бускопан е задолжителна терапија во Њу борн . Го даваат после пункција да се пие една недела, или после трансфер 3-5 дена. Да ги смири евентуалните грчеви и контракции во матката
Девојки помина мојата пункција извадија 4јајце клетки сега ќе ми звонат утре како ќе бидат фала многу на подршката сега да се молам до трансфер да стасаме
Феминки здраво, јас сум нова на форумот и сакам да прашам дали има некоја со слично искуство како моето и тоа имам направено три инвитра со долг протокол на стимулации и две пункции на природен циклус и проблемот ми е тоа што ми вадат доволен број на ј.клетки и спермата е во ред, но откако ги оплодат по еден ден до 5 дена престануваат да се развиваат и изумираат. Докторите и ембриолозите викаат дека најверојатно е нешто генетски, но јас и маж ми сме генетски испитани и резултатите викаат немаме генетски проблем. Многу сум збунета и ќе ве замолам ако имате слично искуство или знаете за некој сто поминал низ вакво нешто ве молам пишете ми што се сте испитале за да откриете каде е проблемот што не ми се развиваат ембриончињата. Фала ви
Значи експерт сум , нема што Ти реков дека 4 јк ќе извадите? А ти плачеше една дали ќе биде Навивам за барем 3 ембриони А имате пробано порано да направите трансфер? Пример уште на втор или трет ден. Или стално ги чекате до бластоциста?
Да јас се плашев дали една ќе има е сега уште да се квалитетни ќе видиме утре ти благодарам ми олесна малку цела ноќ не спиев....
Девојки јас почнав со стимилации.Денес ми е 5 ти ден.Многу сум збунета.Пробувам што помалку да знам ама неможам Уште пред да почнеме на ехо имав многу фоликули, сега со стимулации некои од нив растат повеќе некои помалку.Ме интерисира дали сите ќе пораснат и ќе бидат пунктирани или само неколку од нив? Може ми е без врска прашањето ама навистина незнам како оди процесот.
Не може сите да пораснат. На 6-7-ми ден веќе би имал докторот пореална слика за евентуалниот број на ф. Но и тогаш не е сигурен. Не се оптереретувај сега со тоа.
Или во фзо кај црвен крст или директно во фондот кај мајка тереза позади рекорд на ул. Македонија. Јас таму ги поднесов.