Каде правиш инвитро? Прашај во клиниката каде што си,обично ги имаат ама си ги плаќаш не одат преку фонд
Здраво женски, знаете во железничар дали прават инфективен скрининг периодов? Едно време правеа...па не.... Да знам дали упат да земам за таму...
Сега кај друг доктор и болница сум друга терапија примав триптофем и менопур а претходно фостимон и другите не ми текнува како беа плус и со тежок машки фактор сме олигоспермиа има сопругот и одиме со Макс метода леле се надевам ќе успееме оти нервите ми се при крајова ми е трето инвитро
Епа не одат Многу работи Не одат на товар на фондот Инаку во Систина во аптеката сигурно ги има секогаш
Без нервоза се ќе биде како што треба да биде, ако се нервираш не му помагаш на процестот( колку е лесно на друг да кажеш) , а суплементи нешто плус од првиот пат земаше ли?
Здраво бидејќи се соочваме со слични проблеми сакам да те прашам каде ги имаш правено инф и што беше различно од останатите
Не пијам метилирана фолна б6 иб12 зашто сме со генетски и секој ден по една смоква на сабајле јадев и уште јадам друго ништо
Не мисли на сиптоми мисли само позитивно и се ќе биде како што треба навивам за две црти и висока бета
Во плодност ја прават за лоша дна фрагментација и лош спермограм ги селектираат добрите сперматозоиди затоа сакавме во таа болница да правиме оти само таму ја има оваа метода види на нивната страна има поопширно се надевам помогнав