Без гајле, уште пораснал естрадиолот, а и Прегнил си примила. Ајде со лесно утре и најубави јајце клетки да извадат и да се оплодат што повеќе
Мене на 6ти ден од стимулации ми беше 400, а два дена пред пункција ми беше 3300. Не се секирај, сигурно е доволно. Нека извадат утре многу јк, и сите нека се оплодат
Оо еве ми друшка Јас денес требаше да се јавам да прашам дали ми е одобрен ама имав еден куп обврски. Ќе се јавам во понеделник Одлучи каде ќе правите ивф?
Ќе се покачи, не се секирај. Ехее за 3 дена .. Со лесно!Што реши со 10тината фоликули на живо или со анестезија (мала шала дека се плашеше) Ич да не се плашиш неколку минутки се во прашање..после будењето и убаво ќе се чувствуваш.
Јас се боцкав со фостимон 4 дневно 10 тина дена. Мене мускулно ми рекоа, ги послушав и си одев секој ден поштено ме боцкаа. Читав а и на самото упатство пишува може и поткожно, ама не сакав да се правам паметна па си одев секој ден на боцкање. Така да како ти кажал докторот/сестрата така направи.
После esherihia која ја нема на денешните резултати ( за среќа ) се појави нова, streptococcus agalactiae. Има некоја девојка искуство ? Дали смета за постапката ? Во петок сум на контрола.
Фала мила на подршката, уште се плашамама тоа е.го прашав докторот за без анастезија ама рече мора анестезија.сепак полесно ми е со вас тука
Девојки пак јас, може сум досадна веќе ама како се ближи време за пункција се повеќе прашања ми се вртат во глава.Од пред некое време осеќам болка во едниот јајник и се плашам дали е можно да пукнат фоликулите пред време?со оглед дека за време на инсеминација секогаш ми се случувало да пукне пред.примив цетротиде во четвртокот во 16 ч, е сега дали има уште дејство и дали може да спречи пукање на фоликулите пред пункција? Стоп инекцијата ја примив вчера во 21:30.
Колку добро знам како ти е сега Ќе биде све во ред ајде. Ти кажав дека си во добри раце Пуштам среќа за мн лепотици
При примени и прегнил и цетротид фоликулите ни игла од дебело железо не ги пука пред 36 ч од примањето на стоп-от. Оди спиј ајде
Леле мила баш ми е жал, истото го преживував и јас, само што кај мене си стоеше истата и плус нова после терапија.мој совет повтори ги тестовите во друга болница.како што мене ми кажа Петаноски дека не смета во постапката, дури ми напиша и мислење.Среќа на последните немав ништо.
Бубе како знаеш да ме расположиш прв пат денес се смеам толку.што ќе правев да не ми бевте вие тукаСе јавувам утре